fbpx
ОДДЕЛИ

Хирургија

Центарот за хирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е структуиран со цел на пациентите да им обезбеди амбулантски и хоспитални услуги, како и ургентен центар кој работи 24 часа во денот. Секој пациент добива комплетен индивидуален план на лекување со мултидисциплинарен пристап од тим доктори кои се специјализирани во лекување и на најсложените проблеми.

Кога станува збор за хирургијата, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја поседува последната технологија за изведување на минимално инванзивна хирургија, како и најновата ендоскопска и лапароскопска 4К и 3Д технологија, апаратура која дава најефикасни и безбедни резултати. Хируршките интервенции се изведуваат со дигитализирана апаратура во комплетно опремени сали за хирургија. Благодарение на врвниот и искусен тим на доктори од разни специјалности, „Аџибадем Систина“ стана пионер во регионот во изведувањето на многу хируршки интервенции.

Со мултидициплинарен пристап, најсовремена технологија, највисока стапка на успешност во изведба на интервенциите сме синоним за доверба кај пациентите.

Сите овие елементи прават една целина која на пациентите им обезбедува комплетна и беспрекорна грижа. Без разлика на состојбата во која се наоѓате или третманот кој ви е потребен, Центарот за хирургија ви обезбедува услуга која на крајот сигурно ќе ги покаже најдобрите резултати.

ДЕТСКА ХИРУРГИЈА

ДЕТСКА КАРДИОХИРУРГИЈА

ДИГЕСТИВНА ХИРУРГИЈА

ЕСТЕТСКА, ПЛАСТИЧНА И РЕКОНСТРУКТИВНА ХИРУРГИЈА

НЕВРОХИРГИЈА

ОРЛ

ОРТОПЕДИЈА И ТРАУМАТОЛОГИЈА

УРОЛОГИЈА