fbpx
ОДДЕЛИ
‹ Листа на оддели

Доктори во одделот

Педијатрија

AcibademSistina Pedijatrija mk

Педијатриската болница која се наоѓа во комплексот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со хоспитален оддел, поликлинички педијатриски и неонатален оддел и 24/7 ургентен центар со три интензивни неги – неонатална, кардиохируршка детска и педијатриска. Распространета на површина од 4.000 квадратни метри, содржи и педијатриска кардиохирургија со интензивна нега и интервентна педијатриска кардиологија, дневна болница, како и Центар за рано откривање и третман на деца со сите форми на развојно доцнење. Во грижата за детското здравје вклучени се 210 врвни професионалци и 80 медицински сестри. Педијатриската болница по бројот на персонал,  услугите и третманот кои ги нуди за децата, заедно со врвниот кадар на реномирани доктори, како и најнапредната технологија и апаратура со која е опремена го добива приматот на единствена и најсовремена педијатриска болница од ваков тип во земјата и регионот.

Покрај тоа што ги опфаќа сите аспекти за врвна медицинска грижа за децата, единствена е и по нејзиниот уникатен дизајн со тематика универзум. Преку овој дизајн во болницата се вметнати и едукативни и содржини од забавен карактер со што се овозможува едно дополнително искуство при посетата и престојот на децата.

AcibademSistina Pedijatrija

ПОЛИКЛИНИКА

Поликлиничкиот дел располага со 14 педијатриски и 4 неонатални амбуланти со што на едно место овозможува комплетна грижа за детското здравје. За децата се грижат 36 врвни и искусни педијатри – супспецијалисти по детска кардиохирургија, детска кардиологија, детска ревматологија, детска пулмоалергологија, детска неврологија, детска нефрологија, детска хемато-онкологија. Во рамки на болницата има и развојна педијатрија, ортопедија, гастроентерохепатологија, како и специјална детска едукација, детска анестезиологија, детска дерматологија, детска радиологија, детска оториноларингологија, детска диетологија и нутриција. Поликлиниката располага и со 10 дијагностички амбуланти и тоа кабинет за ехосонографија, спирометрија, кабинет за пулмо-алергологија, EMG-кабинет, EEG-кабинет. Функционира и кабинет за детска бронхоскопија со анестезија, кабинет за дијагностика на болести на крвта (цитоморфолошка анализа на периферна размаска, биопсија на коскена срцевина со цитоморфолошка анализа, дијагностика на малигни заболувања на крвта и солидни тумори,  кабинет за инванзивни дијагностички процедури, ендоскопски иследувања, кабинет за детска гастроскопија и кабинет за детска колоноскопија со анестезија, биопсија на органи, радиолошка и имиџинг дијагностика, PET – CT, MRI 3 Tesla,  MRI 1,5 Tesla, CT 128 SLICE, како и сала за катетеризација за изведување кардиолошки процедури кај деца.

AcibademSistina Pedijatrija

СУПСПЕЦИЈАЛНОСТИ

За специфични болести, за децата се грижат 36 врвни и искусни педијатри – супспецијалисти. Благодарение на нивното искуство децата на едно место може да добијат точна и навремена дијагноза.

Кардиологија и ревматологија. Грижата за здраво срце на вашето дете започнува уште во бременоста. Во „Аџибадем Систина“ трудниците имаат можност за фетална ехокардиографија со која се овозможува рана детекција на срцеви аномалии на плодот. Тимот детски кардиолози изведува кардиолошки скрининг на новороденчињата и ехо на срце кај деца. Посебен акцент е ставен и на дијагнозата и третман на ревматолошки болести. Со отворањето на Одделот за детска кардиохирургија, покрај дијагноза на срцеви мани кај децата, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди и третман на педијатриски кардиохируршки пациенти.

Пулмоалергологија. Искуството на тимот пулмоалерголози овозможува дијагноза на типот на алергија со алергиски кожни тестови, детекција на причини за кашлица, дијагностика со FeNO – азотен оксид – мерење на степенот на алергиска бронхијална осетливост, детекција на астматско дишно стебло, како и мерење на степен на проток на воздух низ дишно стебло со тест за белодробна функција.

Неврологија. Благодарение на докажаните експерти достапна е дијагноза и третман на невролошки заболувања во детска возраст (развојно следење на предвремено родени и бебиња од ризична бременост, епилепсии и епилептични синдроми во детство, невромускулни болести, инфекции на невромускулен систем, имунолошки и дегенеративни заболувања на нервен систем, акутни и хронични главоболки, развојни нарушувања).

Нефрологија. Супспецијалистичкиот преглед кај педијатар нефролог нуди можност за рано откривање на вродени малформации на уринарен систем, неонатален ехографски нефролошки скрининг, рана дијагноза и третман на уринарни инфекции кај деца, како и рано откривање и следење на хронични нефролошки болести. Во нашата болница достапни се и консултативни прегледи за одлука за оперативен третман на нефролошка болест.

Хемато-онкологија. Во областа на детската хематологија постои можност за дијагностика и третман на сите заболувањa, почнувајќи од нарушување на еритроцитната лоза, сите видови анемии,  нарушувања  на леукоцитната лоза во смисла на леукоцитози и леукопении, нарушувања на тромбоцитната лоза меѓу кои најчести се тромбоцитопениите, акутни и хронични воспаленија на лимфните јазли и нарушувања  на коагулацијата. Во онколошкиот дел постои можност  за дијагностика на  малигни заболувања во детската возраст. Болницата располага и со современа апаратура за дијагностика на солидни тумори, постои можност за одредување на специфични тумормаркери, корбиопсија и патохистолошка дијагноза, можност за хируршка интервенција од страна на детски хирург и неврохирург, како и најсовремен акцелератор за зрачна терапија.

Гастроенетерохепатологија Благодарение на искуството од оваа област, постои можност за дијагностика и третман на сите заболувањa на гастроинтестиналниот систем, црниот дроб и панкреасот. Навремено се дијагностицираат и лекуваат најразлични гастроинтестинални симптоми и болести, вклучувајќи хронична болка во стомакот, рефлукс, запек, повраќање и гадење, нутритивни проблеми. Исто така, се третираат и специјализирани состојби, вклучително и воспалителни заболувања на цревата (Кронова болест и улцеративен колитис), билијарна атрезија, хепатитис, целијачна болест, рефлуксна болест, еозинофилни гастроинтестинални состојби, дебелина и синдром на кратко црево.

Ортопедија Ортопедскиот тим спроведува ран скрининг на вродени и стекнати заболувања на локомоторниот апарат (родилиште); редовни ортопедски прегледи во прва година – клинички и сонографски; клинички прегледи и ЕХО-прегледи на коскено-зглобен, мускулен и тетивен апарат кај деца. Тимот ортопеди нуди  конзервативно и оперативно лекување на дисплазии и луксации на колк; следење и конзервативно и оперативно лекување на деформитети во детска возраст; конзервативен и оперативен третман на вродено криво стапало по методот на Понсети; интра- артикуларна апликација на терапија; пункции на зглобни и вонзглобни промени; дијагностика и лекување  инфекции на локомоторен апарат; дијагностика и лекување тумори на локомотрен апарат; конзервативно лекување и следење, како и корективни интервенции кај деца со посебни потреби.

Анестезиологија. Со цел да се овозможат сигурни, безбедни и безболни интервенции на Вашето дете, постои тим на анестезиолози кои се задолжени за давање на општа анестезија, регионална анестезија или седација кај сите општи хируршки интервенции, кардиохируршки интервенции, ОРЛ интервенциии дијагностички снимања кај децата.

Оториноларингологија. Искусниот тим оториноларинголози ги нуди сите типови на дијагностика – отоскопија, отомикроскопија, фиберназоепифарингоскопија, фиберназоларингоскопија, тимпанометриски и аудиолошки испитувања. На одделот се изведуваат и педијатриски хируршки интервенции- операција на хоанална атрезија, аденоидектомија, тонзилоаденоидектомија, пласирање на вентилациони цевчиња, мастоидектомија, кохлеарна имплантација, вродени цисти на врат.

Дерматологија. Тимот дерматолози овозможува дијагностика и третман на сите педијатриски дерматози, егзантеми во детска возраст, како и нивен третман. Благодарение на современата медицинска технологија вклучувајќи ја и дерматоскопијата навреме се детектираат сите промени на кожата кај децата. На педијатрискиот стационар има можност за хоспитализација на сите деца кај кои е потребно болничко лекување на болести на кожата во детска возраст.

Диетологија и нутриција.  Феталната нутриција (во бременоста), исхраната кај новороденчето, во раното детство и адолесценција се темел на правилен раст и развој на вашето дете. Се превенираат фетални аномалии и несоодветна родилна тежина, се коригираат и адаптираат микро и макро нутритивни потреби според возраста, полот и физиолошките барања индивидуално. Тим на доктори благодарение на висококвалитетната апаратура, медицински искусни пракси, стручно ќе одговори и лекува симптоми, состојби и болести кои настануваат или се последица на проблеми со исхраната и нејзина интолерантност (глутен, лактоза, целијакија); запек/пролив; диетотерапија кај болести на црн дроб и бубрег, шеќерна болест, нутритивна поддршка на имунолошки систем. Третманот на дебелината, ниската телесна тежина и потхранетоста се наш врвен приоритет во грижата за детското здравје.

ПЕДИЈАТРИСКИ УРГЕНТЕН ЦЕНТАР

Со цел грижата за децата да биде достапна во секое време, во рамките на Педијатриската болница функционира и најсовремен Педијатриски ургентен центар со 5 соби за опсервација и една сала за интервенции, конципиран по примерот на светските реномирани ургентни центри. Со мултидисциплинарен тим доктори кои може да ги третираат сите итни состојби кај децата Ургентниот центар работи 24 часа, секој ден во неделата. Ургентниот центар располага со сета неопходна апаратура за следење на децата и нивен третман, а воедно е дизајниран и опремен во пријатен детски амбиент со цел намалување на стресот и непријатноста од престој во болничка установа кај детето и неговата придружба.

ДНЕВНА БОЛНИЦА

Дневната болница, со капацитет од 5 посебни простории за опсервации на пациенти, овозможува згрижување на болно дете кај кое е потребен краток временски престој. Во овој дел се спроведува инфузиона терапија, како и апликација на лекови, рехидратација и инхалација на педијатриските пациенти и следење на децата по спроведување на дијагностички процедури за кои е потребна краткотрајна анестезија

ЦЕНТАР ЗА РАНО ОТКРИВАЊЕ И ТРЕТМАН НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈ

Раното откривање на отстапувањата од развојот кај децата и навремениот третман се од особено значење за понатамошниот развој кај овие пациенти. Во центарот работи мултидисциплинарен тим составен од развоен педијатар, педијатриски невролози и дефектолог логопед, кои овозможуваат истовремено обработка на детето, корелирање на добиените резултати и континуирано следење на ефектите од третманот. Третманот на секое дете е индивидуален, со однапред утврден план за работа кој дава успешни резултати. Центарот е сместен во посебно издвоен дел со цел да се обезбедат потребните услови за работа со деца со пречки во развој.

ПЕДИЈАТРИСКИ СТАЦИОНАР – хоспитален дел

Педијатрискиот стационар овозможува третман на болно дете на возраст од 0 до 16-годишна возраст. Во него се спроведува најсовремена дијагностика и третман базиран на светски практикувани протоколи за лекување болести на децата. Располага со 16 модерно уредени еднокреветни соби, од кои две ВИП-соби и една изолација со негативен притисок кои ги задоволуваат највисоките здравствени и естетски критериуми. Собите и апартманите се прилагодени за престој на родител со дете.

НЕОНАТОЛОГИЈА

Неонаталниот стационар располага со 27 неонатални кревети по принципот мајка-дете (rooming in) што значи 24-часовен заеднички престој на новороденчето со мајката по породувањето. „Аџибадем Систина“ го практикува овој концепт уште од самиот почеток, со што го доби и престижното признание на Unicef – Baby friendly Hospital (Болница пријател на бебињата). На одделот работи тим од докажани неонатолози и медицински сестри кои се достапни и за патронажна дејност. Во рамките на одделот функционира неонатолошка амбуланта каде што се спроведуваат редовни контролни прегледи за следење на растот и развојот на новороденчиња и доенчиња до една година. Родителите добиваат и стручни совети за нега и грижа на новороденчето, како и едукација за важноста на мајчиното млеко и доењето. Во рамките на одделот има и посебно опремена соба за доење и измолзување со цел да се овозможат услови за непречено доење, односно употреба на мајчиното млеко и кај новороденчињата со потешкотии во исхраната (предвреме родени деца и новородени кои престојуваат на Интензивна нега).

НЕОНАТАЛНА ИНТЕНЗИВНА НЕГА

Единицата за неонатална интензивна нега располага со 13 интензивни места од кои 2 места во изолација. Во неа работат најдобрите експерти за интензивно лекување и следење на предвремено родени и критично болни бебиња и високообучени медицински сестри. Опремена е со најсовремена технологија за згрижување и престој на новороденчињата (инкубатор и топли легла т.н. вормери или babyterm), мониторинг (24-часовно следење на основните витални параметри) и помош при дишењето (т. н. машини за инвазивна и неинвазивна респираторна поддршка). Со најсовремена апаратура за дијагностика – ехо и рендген-дијагностика која се поставува на местото каде што престојува бебето, за многу кратко време се поставува точна дијагноза. Единицата за интензивна нега е отворена за прием на надворешни пациенти (новороденчиња родени во други медицински центри) кои имаат потреба од услугите за специјална нега и терапија.

 ИТЕН НЕОНАТАЛЕН ТРАНСПОРТЕН СЕРВИС

„Аџибадем Систина“ овозможува транспорт на критично болни новороденчиња и доенчиња од еден до друг медицински центар во земјава и во регионот, како и транспорт кон и од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Високоспецијализираната мобилна единица за транспорт и интензивна нега располага со најсовремено санитетско транспортно возило, софистицирана опрема: транспортен инкубатор, транспортен респиратор, монитор, сет за интубација и инфузиомати. Овој сервис го спроведува медицински тим кој го сочинуваат 12 доктори (7 неонатолози интензивисти и 5 педијатриски интензивисти) и 10 медицински сестри, посебно обучени за изведување итен неонатален и педијатриски транспорт.

ДЕТСКА ХИРУРГИЈА

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се изведува широк спектар на хируршки зафати кај децата – хирургија на новородено и помало дете,  детска дигестивна хирургија, детска урологија и детска реконструктивна урологија, детска траума, детска торакална хирургија, детска онколошка хирургија, детска пластична хирургија, детска неврохирургија, хирургија на уво, нос и грло кај дете и детска ортопедија. Со отворањето на одделот за кардиохирургија, во болницата се изведуваат и најкомплицираните кардиохируршки интервенции. Благодарение на софистицираната, напредна опрема со која располага болницата, најголем дел од интервенциите се изведуваат со минимално инвазивен пристап преку мал оперативен рез со кој се постигнува помала болка, побрзо заздравување и пократок болнички престој на детето.

ДЕТСКА КАРДИОХИРУРГИЈА

Одделот за детска кардиохирургија со кардиологија во „Аџибадем Систина“ е првиот комплетно опремен и кадровски екипиран педијатриски кардиохируршки центар во земјава кој овозможува дијагноза и третман на деца со вродени и стекнати срцеви аномалии на возраст од 0 до 18 години. Во модерно уреден простор располага со болнички стационар и кардиохируршка интензивна нега опремени со најмодерна медицинска технологија која овозможува високопрофесионално 24-часовно згрижување и мониторирање на пациентите. За здравјето на децата се грижи искусен тим составен од кардиохирурзи, педијатри со искуство во педијатриска интензивна нега, педијатар кардиолог, кардиоанестезиолози, кардиоперфузионисти и медицински сестри обучени во областа на детската кардиохирургија. Во Одделот за кардиохирургија е сместена и детската интензивна нега, која се состои од 7 педијатриски интензивни места и 7 педијатриско-кардиохируршки места изградени според светски протоколи.

Благодарение на мултидисциплинарниот пристап, инфраструктурна, кадровска и технолошка опременост, одделот овозможува интегрално згрижување на кардиолошките проблеми, од прецизна дијагноза (пренатална и/или постнатална) до конечен третман, вклучително и постхируршко интензивно лекување, што е реткост и за болниците од регионот. На одделот се изведува хируршки третман на целиот спектар на вродени срцеви мани, кои најчесто се изведуваат во првата година во животот, како и понатамошно следење на овие пациенти.

Со  постоењето  на инфраструктура и кадар одделот ќе биде во можност за првпат во нашата држава да ги згрижи сите деца од областа на детска хирургија и педијатрија кои побаруваат интензивен третман и реанимација од најрана возраст до 18 год.

За граѓаните на Македонија сите кардиохируршки услуги на одделот се покриени од ФЗОРСМ.

 

РЕФЕРЕНТЕН ПЕДИЈАТРИСКИ КАРДИОХИРУРШКИ ЦЕНТАР ВО РЕГИОНОТ

Во соработка со нашите доктори работи тим доктори од болниците на здравствената групација „Аџибадем“, Турција, зад кои стои богато искуство од над 15.000 изведени кардиохируршки интервенции. Благодарение на нивната поддршка, целта на Одделот за детска кардиохирургија е да го преслика успешното искуство на болниците на „Аџибадем“, Истанбул, и да прерасне во референтен центар за кардиохируршки пациенти од целиот регион.

 КАРДИОХИРУРШКА ИНТЕНЗИВНА НЕГА

Одделот за интензивна нега и терапија се состои од 7 педијатриски интензивни места и 7 педијатриско-кардиохируршки места. Секоја единица е опремена со инвазивни монитори за следење на витални параметри поврзани со софистициран централен мониторинг кој може да се следи од повеќе места на одделот. Секое интензивно место содржи соодветен централен довод на гасови со можност за поставување на пациентот на респиратори за механичка вентилација погодна за инвазивна и неинвазивна вентилација. Секое место содржи доволен број најсовремени перфузери, инфузомати, овлажнувачи, затоплувачи, машина за ехотомографија, гасни анализатори, АЦТ-апарати, најсовремени машини за дијализа кај деца, дефибрилатор, пејсмејкери, електрокардиограф.

БОЛНИЧКИ СТАЦИОНАР

Во тесна врска со Одделот за интензивна нега е сместен и болничкиот стационар, со цел постојан надзор од стручниот тим. Во него се спроведува најсовремена дијагностика и третман базиран на светски практикувани протоколи за лекување болести на децата. Стационарот содржи 2 болнички соби (апартмани) приспособени за престој на деца со придружба.