Оториноларингологија

Искусниот тим на реномирани ОРЛ специјалисти овозможуваат дијагноза, третман на сите болести на уво, грло и нос. Тимот е составен од експерти со долгогодишно искуство во изведување и на најсложените хируршки интервенции кај деца и возрасни.
Специјални ОРЛ домени:
- Отологија–невроотологија
- Отохирургија и хирургија на кондуктивни нарушувања на слухот
- Ринологија
- Функционална ендоскопска хирургија на параназалните синуси
- Педијатриска оториноларингологија
- Ларингологија и хирургија на глава и врат
- Фонијатрија и фонијатриска хирургија
- Аудиологија
- Нарушувања во слухот и рамнотежата
Отологија – невроотологија и отохирургија
Дијагноза и третман на акутни и хронични заболувања на увото. Хируршки третман на акутни мастоидити, хроничен отит, холестеатом. Хирургија на кондуктивни нарушувања на слухот. Хируршки третман на отосклероза, тимпанопласика, реконструкции на осикуларниот синџир.
Ринологија
Дијагноза и третман на заболувањата на носот и параназалните синуси. Третман на алергиски ринити. Функционална ендоскопска хирургија на параназалните синуси. Хируршки третман на акутни и хронични синузити и носна полипоза. Ендоскопски третман на епистакси. Хирушки третман на девијации на носната преграда.
Педијатриска оториноларингологија
Дијагноза и третман на заболувањата на тонзилите и аденоидните вегетации, опструктивна слип апнеа, секреторен отит во детска возраст. Третман на конгенитални малформации, како хоанална атрезија, вродени аномалии на уво, ларинкс и сл.
Ларингологија и хирургија на глава и врат
Дијагноза и хируршки третман на бенигни и малигни тумори на ларингохипофарингеалната регија. Видеоларингоскопија, фонијатриска хирургија и хирургија на гласните жици. Хируршки третман на малигните заболувања на ларинксот, главата и вратот. Постоперативно следење и третман.
Аудиологија
Дијагноза и третман на аудио-вестибуларни заболувања. Третман на вртоглавици, тинитус, акутна глувост и слушни оштетувања. Скрининг на слух кај новороденчиња и деца.
Kохлеарни импланти
Кохлеарниот имплант е електронско медицинско помагало кое ја заменува функцијата на оштетената кохлеа. За разлика од слушните апарати кои ја зголемуваат јачината на звукот, кохлеарниот имплант ја заменува функцијата на кохлеата и процесира сигнали до мозокот. Кај некого може да се имплантираат и двете уши бидејќи слушањето на две уши ја подобрува функцијата на локализација на звукот и слушањето во бучна средина е подобро.
Сѐ уште го немате пронајдено тоа што го барате?
Имате прашање? Слободно контактирајте нѐ.