fbpx

Често поставувани прашања

Преглед можете да закажете на три начини:

  • Со само еден повик на телефонскиот број 02 30 99 500 во Контакт-центарот (call center) на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ можете да го закажете својот преглед. На овој број можете да ги добиете и сите потребни информации за услугите што ги нуди нашата болница. Нашиот Контакт-центар е достапен 24 часа, 7 дена во неделата. Со ваквиот принцип на работата се овозможува ефикасен, брз и непречен начин на комуникација.
  • Вашиот преглед можете да го закажете и на e-пошта callcenter@acibademsistina.mk
  • Со пополнување на електронски формулар на нашата веб-страница acibademsistina.mk

Директен линк – https://acibademsistina.mk/mk/patients/zakazi-pregled

По пополнување на формуларот нашите вработени ќе ве контактираат во рок од 24 часа.

Болницата работи 24 часа, секој ден во неделата. Работното време на редовните амбуланти е од 9 часот до 20 часот. Доколку немате закажан термин, или станува збор за ургентна состојба, во секое време можете да се обратите за стручна помош во Ургентниот центар кој ги покрива сите патологии и работи 24 часа.

Во „Аџибадем Систина“ 24 часа функционира Ургентниот центар, кој на пациентите им нуди медицински услуги од областа на хирургијата, гинекологијата, интерна медицина, како и педијатрија. Доколку сакате преглед од конкретен доктор, неопходно е да закажете термин кај одбраниот доктор.

Медицински транспорт можете да закажете на телефонскиот број 02 30 99 500. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со неколку амбулантски возила кои се опремени со  најсовремена опрема level A, и се на располагање за транспорт на пациенти до и од нашата клиника, како и за транспорт на пациенти на подалечни дестинации.

Одделот за дијагностички лаборатории нуди комплетен спектар на услуги, а лабораториски услуги нудиме 24/7 во неделата.

Со оглед на тоа дека „Аџибадем Систина“ има пациенти од целиот регион, нашиот персонал зборува 6 јазици. Имаме персонал со полно работно време кој зборува на следниве јазици: македонски, англиски, турски, албански, српски и германски. На ваше барање, медицинската документација, исто така, може да се преведе.

Нашиот тим од Одделот за меѓународни пациенти ќе ви помогне околу сите потребни детали за вашиот престој. Со задоволство ќе ви обезбедиме помош за аеродромски трансфер и сместување. Специјални понуди и попусти за сместување на нашите пациенти се достапни во најреномираните хотели:

Обезбедуваме бесплатен превоз од/до аеродромот, како и на релација меѓу вашиот хотел и болницата. За повеќе информации обратете се во Одделот за меѓународни пациенти на +38971 21 21 31 8:00 am to 4:00 pm (UTC+1 Централно европско време) или на international@acibademsistina.mk.

Информации за цена на одредена услуга може да добиете во нашиот Контакт центар на 02/3099500. Амбулантските пациенти во „Аџибадем Систина“ се однапред информирани за цената пред да се изведе прегледот.  Доколку има потреба да се изведат и дополнителни испитувања, пациентот се известува кое испитување е потребно да се направи и колку ќе чини. Пациентот е комплетно информиран за сите интервенции и има право да праша се што е поврзано за цена на услугата. Доколку станува збор за оперативен третман, пациентот однапред се информира за сумата на интервенцијата вклучувајќи ги и деновите на хоспитализација. За секое надминување на однапред утврдената цена, нашиот тим од Одделот за наплата го информира пациентот и најблиските членови од семејството.

Хоспитализираните пациенти секојдневно ги посетува администратор од  кој ги информира за реазлизираниот трошок за време на хоспитализацијата, како и за износот на сите интервенции кои следат или се препорачани од доктор.

Активните огласи можете да ги најдете објавени на нашата веб-страница во делот човечки ресурси. Доколку и Вие имате желба, знаење и ентузијазам, сакате да станете дел од нашиот тим и да работите во динамична работна средина со амбициозен тим, испратете ја Вашата биографија и мотивационо писмо на е-пошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка болница „Аџибадем Систина“, ул.Скупи 5А, 1000 Скопје

Вашата биографија ќе биде внесена во нашата база на податоци како потенцијален кандидат и ќе биде разгледана во Одделот за човечки ресурси.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Фондот за здравствено осигурување на РМ имаат склучено договор за кардиоваскуларна хирургија и асистирана репродукција. Повеќе информации прочитајте на https://acibademsistina.mk/mk/patients/acibadem-sistina-fzo

Клиничката Болница „Аџибадем Систина“ има склучено договор со следниве осигурителни компании:

  • Триглав осигурување АД Скопје
    Договор за болничко и амбулантско лекување
  • ВИНЕР ОСИГУРУВАЊЕ – Македонија
    Договор за болничко и амбулантско лекување
  • САВА ОСИГУРУВАЊЕ – Македонија
    Договор за болничко и амбулантско лекување
  • Eurolink – Македонија
    Договор за болничко лекување
  • IILYRIA – Косово
    Договор за болничко лекување
  • HENNER – GMC – Франција
    Договор за болничко и амбулантско лекување
  • GBG – САД
    Договор за болничко и амбулантско лекување
  • TRICARE – САД
    Договор за болничко и амбулантско лекување
  • CIGNA – САД
    Договор за болничко лекување
  • GeoBlue – САД
    Договор за болничко и амбулантско лекување