fbpx
ОДДЕЛИ

Детска кардиохирургија

AcibademSistina Pedijatrija

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ функционира Одделот за детска кардиохирургија, составен од искусен тим од 15 професори, доктори и сестри кои се обучени во областа на детската кардиохирургија. Во тимот е д-р Владимир Чадиковски, кој е единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава, но и уште неколкумина доктори кардиохирурзи, кардиолози, анестезиолози, перфузионисти и педијатари.

Во соработка со нашите доктори, ќе работи тим доктори кои доаѓаат од Турција и ќе бидат достапни секоја недела во земјава. Целта е да се преслика успешното искуството кое болниците на „Аџибадем“ во Истанбул го имаат со детската кардиухирургија. Овие центри зад себе имаат повеќе од 15.000 операции.

Овој тим ќе биде задолжен за кардиолошки интервенции кај деца на возраст од 0 до 18 години, а во следниот период „Аџибадем Систина“ има за цел да стане референтен центар за третман на вродени срцеви заболувања кај деца не само во Македонија туку и на целиот Балкан. Сите кардиохируршки услуги кај пациентите се покриени од ФЗОМ.

Кардиохируршки интервенции кај педијатриски пациенти

  • Поправка на отсатен пулмонален залисток (Absent pulmonary valve repair)
  • Корекција на аномален влив на пулмонални вени (парцијален)
  • Корекција на аномален влив на пулмонални вени (комплетен)
  • Аортна стеноза (Росс процедура)
  • Корекција на аорто-пулмонален прозорец
  • Атријален свич-операција (JAtene)
  • Корекција на атријален септален дефект (комплетен)
  • Корекција на атријален септален дефект (парцијален, Primum ASD)
  • Би-дирекционален Глен шант
  • Б-Т шант процедура
  • Решавање на коарктација на аорта
  • Палијација на double inlet left ventricle (PA banding, B-T shunt, Glenn, Hemi Fontan, Fontan)
  • Корекција на double outlet десна комора
  • Корекција на ебштајн аномалија
  • Процедура фонтан
  • Хеми-фонтан процедура
  • Корекција на хипопластично лево срце (Norwood procedure, Sano modification of Norwood, Glenn, Hemi fontan, Fontan)
  • Корекција на прекинат аортен лак
  • Коно-процедура
  • Корекции на митрална валвула
  • Норвуд-процедура
  • Лигирање на перзистентен дуктус артериозус
  • Бендинг на пулмонална артерија
  • Корекција на пулмонална стеноза
  • Rastelli операција
  • Процедура сенинг
  • Комплетна корекција на тетралогија фало
  • Корекција на транспозиција на големи крвни садови
  • Корекција на трикуспидна атрезија (PA banding, B-T shunt, Bi-directional Glenn, Heni Fontan procedure)
  • Корекција на трункус артериосус
  • Корекција на васкуларен ринг (Double aortic arch, Right aortic arch with left sided patient)
  • Корекција на вентрикуларен септален дефект

Eлектрофизиологија кај деца

Процедури

  • Поставување на трајни срцеви електростимулатори (пејсмејкери) по трансвенозен пат, еднокоморни (VVIR), двокоморни (DDDR), срцев ресинхронизациски пејсинг-систем (CRT-P), срцев ресинхронизациски пејсинг и дефибрилациски систем (CDR-D), дефибрилациски пејсинг-системи, еднокоморни и двокоморни (ICD VR,DR)
  • Поставување на привремен трансвенозен пејсинг-систем
  • Електрофизиолошко инванзивно тестирење за преткоморни и коморни аритмии
  • Електрофизиолошко фармаколошко тестирање на преткоморни и коморни аритмии
  • Електрофизиолошка студија со радиофреквентна катетер аблација на преткоморни кружни тахикардии, преексцитациски кружни тахикардии
  • Комплетно амбулантско следење на пациенти со поставени пејсинг-системи
  • Неинванзивно амбулантско следење на срцевиот ритам (24-часа холтер континуирано мониторирање)

Катетеризации на срцето

Срцевата катетеризација е минимално инванзивна процедура што ја изведуваат интервенциони педиајтриски кардиолози за да добијат подобар увид на срцето и да лекуваат проблеми на срцето, вклучувајќи ги тука и вродените мани на срцето.

Состојби кои се третираат со катетеризација на срцето

  • Стеноза на аортна валвула
  • Атријален септален дефект (АСД)
  • Коарктација на аорта
  • Перзистентен дуктус артериозус (ПДА)
  • Вентрикуларен септален дефект (ВСД)
  • Стеноза на пулмонална валвула
  • Дијагнастичка катеризација со мерење на притисок и градиент