fbpx
ОДДЕЛИ

Дигестивна хирургија

Покрај успешните дигестивни интервенции од страна на докажани експерти од оваа област, одделот се вбројува и во високореферентните центри за комплетна хирургија на панкреас и црн дроб. Врвните професионалци со долгогодишно искуство ги изведуваат и најкомплицираните дигестивни интервенции.Интервенциите се изведуваат со минимално инванзивен пристап (мал рез) со што се овозможува побрзо заздравување, пократок болнички престој и елиминирање на можноста за постоперативни компликации.

Гастроинтестинална хирургија

Хируршкиот третман на болестите поврзани со стомакот и цревата забележа голем прогрес со подобрувањето на ендоскопските и лапароскопските хируршки техники. Нашиот Оддел за дигестивна хирургија е особено посветен на раното дијагностицирање, ендоскопски и лапароскопски хируршки третман на болестите на дебелото црево.

Хируршки третман на црн дроб, панкреас и жолчни канали

Со значителниот развој на онкологијата во последниве години се отворија нови можности за работа во доменот на третманот на тумори на црн дроб и панкреас. Пристапот при дијагностицирање и лекување на овие болести е мултидисциплинарен, работиме тимски заедно со специјалисти по интервентна радиологија, ендоскопија и онкологија.

Што го издвојува овој оддел од другите во регионот?

Одделот за дигестивна хирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е структуиран со цел на пациентите да им обезбеди хоспитални и амбулантски услуги, како и ургентен центар кој работи 24 часа во денот. Нашата мисија е да создадеме беспрекорна релација помеѓу пациентот и докторот и ефикасен третман. Со нашата работа на кое било поле, вклучувајќи ја и минимално инванзивната и ургентната хирургија, станавме синоним за доверба кај пациентите и хируршки центар број еден во регионот.

Digestivna Feb

На овој, како и на другите оддели во нашата болница секоја недела се одржува стручен колегиум на кој се разговара за сите интервенции и се планираат операциите кои следат. Овие состаноци се одржуваат во присуство на доктори од повеќе оддели со цел да се постигне консензус во одлуката за понатамошниот третман на пациентите, а со тоа и поквалитетно и потемелно лекување.

Благодарение на големиот број доктори од разни специјалности, „Аџибадем Систина“ стана пионер во регионот во изведувањето на многу минимално инванзивни интервенции, особено во доменот на ургентната хирургија, операциите на гастроинтестиналниот тракт и хепатопанкреатобилијарната хирургија.

Сите интервенции на болестите на дебелото црево и ректумот ги изведуваме со најсовремена технологија. Нудиме разни терапии кога станува збор за пациентите заболени од хемороиди, фистула и фисура.

Радиолошките испитувања (хемоемболизација, рендген, ултразвук, компјутерска томографија, магнетна резонанца, ангиографија, холангиографија), ендоскопијата и перкутаната биопсија се користат во координација со релевантните специјалисти од овие области со цел да се добие попрецизна информација во врска со понатамошното планирање на третманот и негата на пациентот.

Болести и состојби кои се третираат на Одделот за дигестивна хирургија

  • Езофагеален карцином и бенигни заболувања
  • Карцином на желудник
  • Хируршки третман во заболувањата на тенкото црево и опструкции кај цревата
  • Дебело црево – ректални тумори, воспалителни болести
  • Аноректални аномалии: тумори, хемороиди, анална фисура, фистула
  • Малигни и бенигни тумори, цисти на црн дроб
  • Опструктивна жолтица
  • Камења и тумори во билијарниот тракт и жолчниот меур
  • Цисти и тумори на панкреас
  • Акутен и хроничен панкреатитис
  • Хируршки третман на заболувања на слезина
  • Хернија на абдоминален ѕид и слабина, постоперативна хернија
  • Разни мекоткивни инфекции

Во постигнувањето на значителните резултати голем придонес има и релацијата на докторите од Одделот за дигестивна хирургија со докторите од другите оддели, како и најсовремената технологија. Хируршката интензивна нега има посебен удел во оваа процедура. Постои мултидисциплинарен тим кој се грижи за исхраната на хроничните пациенти.

Хируршко лекување на дебелина – висок гастритичен бајпас

Хируршкиот третман во лекување на лицата со екстремна телесна тежина е единствен терапевтски метод со кој се постигнува долготраен губиток на телесна тежина. Постојат повеќе хируршки техники, но најдобри резултати се постигнуваат со висока гастритична бајпас операција. Овој оперативен зафат успешно се изведува во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со класична хируршка техника и лапараскопски. Резултатот од оперативниот зафат е видлив по 12 месеци од интервенцијата, каде што телесната тежина се намалува и до 85 % проценти.