fbpx
ОДДЕЛИ

Ортопедија и трауматологија

 

Основната карактеристика која го прави Одделот за ортопедија и трауматологија во „Аџибадем Систина“ единствен и прв оддел од ваков тип е мултидисциплинарниот пристап на ортопедски хирурзи и хирурзи-трауматолози како еден тим. Дел од тимот е проф. д-р Јордан Савески, врвен експерт по трауматологија познат во целиот регион.  Тимот овозможува дијагноза и третман од областа на ортопедијата, почнувајќи од најмалата возраст и новороденчињата, па сè до повреди и скршеници вклучувајќи и геријатриска траума (повреди карактеристични за повозрасната популација).

Ендопротетика

Ендопротетиката – оперативни интервенции за замена на зглобовите на колкот, коленото и другите зглобови со употреба на најмодерни протези. Овие интервенции имаат значајно место во ортопедијатата и трауматологијата поради унапредувањето на нивото на третман, ставајќи посебен акцент на превентивата, како и сè повисоките очекувања на пациентите кога е во прашање квалитетот на живот. Посебно сме горди на имплантирањето на керамички ендопротези на колк, како и имплантирањето на тотални протези на рамо.

Педијатриска ортопедија

Хируршки интервенции кај деца и возрасни поради вродени и стекнати аномалии на локомоторниот апарат, со посебен акцент на корекција на вродените дефекти на коскено-зглобниот систем. Третираме и мекоткивни деформитети, како и мускулните и тетивни корективни операции. Мора да ги споменеме и хируршките интервенции кај пациенти со церебрална парализа, како и други невролошки болести.

Остеопороза

Превенција и редовен скрининг за остеопороза со најсовремен апарат за дензитометрија. Конзервативен третман на овие состојби кај возрасни пациенти, како и третман на остеопоротични фрактури. Вертебропластиката кај компресивните фрактури на ’рбетот е дел од хируршки интервенции на нашиот тим.

Онколошка ортопедија

Дел од интервенциите на нашиот тим е и хируршко отстранување на мускулоскелетните тумори. Тука ќе ги споменеме и имплантација на ревизиони, како и туморски протези кај оние пациенти кај кои тоа е потребно. Во нашата клиника исто така се изведуваат хируршки интервенции на отстранување метастази во коските и во ’рбетот.

 

 

Трауматологија

Третман на фрактури на сите коски почнувајќи од најмалата возраст па сè до пациентите во поодминати години, вклучувајќи ја и геријатриската траума. Во нашата болница се третираат политрауматизираните пациенти кај кои се применуваат сите светски стандарди (life saving surgery, damage control). Тука мора да ги споменеме и оперативните интервенции кај пациенти со повреди на ’рбетот, карлицата и ацетабулумот.

Реконструкција на екстремитети

Корективни остеотомии во предел на горните и долните екстремитети. Оперативни интервенции кај лошо зараснати или незараснати фрактури.

Хирургија на дланка

Нашиот хируршки тим има успешни резултати во третманот на целата патологија во пределот на дланката. Тука спаѓаат повредите и други состојби како на коскените така и на мекоткивните елементи.

Превентивни прегледи

Детска превентивна ортопедија, прегледи на локомоторниот апарат почнувајќи од неонаталниот период па сè до завршување на растот. Тука би ги вброиле и неврохируршки методи на третман на вродени и стекнати деформитети на локомоторниот апарат.

Спортска трауматологија

Бројот на рекреативци и професионални спортисти постојано се зголемува, а со тоа се зголемува и потребата од третман на спортски повреди. Третманот на овие пациенти е наша цел и наш посебен интерес. Мора да се истакне дека лекувањето на професионалните спортисти, особено нивните повреди, бара посебно внимание и лекување поради карактерот на овој тип професионалци. Тоа се, сепак, луѓе кои мора во најкраток временски рок да се вратат на спортските терени. Спортистите во нашата клиника добиваат најсовремен третман, од врвни специјалисти кои работат со најсовремени хируршки и артроскопски техники. Тука спаѓаат артроскопски процедури на колено, рамен и скочен зглоб, како и сите артроскопски процедури кои се спроведуваат во светот, за реконструкција на повредените мекоткивни елементи.

PRP револуционерна метода за третман на зглобови

PRP (Platelets Rich Plasma) мето да претставува револуционерен третман на зглобовите со сопствена крвна плазма збогатена со тромбоцити. Со помош на оваа метода за кратко време се регенерира оштетеното ткиво во зглобот. Третманот е безболен и ефикасен и речиси нема несакани реакции бидејќи се користи сопствената крв на пациентот.