fbpx

Зошто Аџибадем систина?

Врвен тим на специјалисти

Во Аџибадем Систина работи реномиран тим од повеќе од 120 врвни специјалисти. Долгогодишното искуство на нашиот тим е потврда за врвна здравствена услуга на пациентите и нивните семејства. Тие се подготвени да ги решат и најсложените медицински состојби.

Комплетна медицинска услуга на едно место

Единствено во Аџибадем Систина на едно место можете да добиете целосно лекување од дијагноза, третман до рехабилитација на сите болести.

Технологија од светски признаени производители

Технолошките можности на нашата болница овозможуваат прецизна дијагноза и третман на сите заболувања. Нашата работа постојано е фокусирана кон имплементирање на последните достигнувања во медицината.

Болница без болка

Интегрираната грижа од врвниот тим на специјалисти овозможува контрола на болката, за поголема удобност на пациентите во лекувањето без болка.

Комфор на највисоко ниво

Болнички соби се специјално дизајнирани, што на пациентите им нудиме максимален комфор за време на нивното лекување. Во пријатна атмосфера за пациентите и нивните потреби 24/7 се грижи тим од искусни и соодветно обучени медицински сестри кои се фокусирани на индивидуална нега на секој пациент.

Хигиена според светски стандарди

Специјален тим секојдневно врши мониторинг на хигиената во болницата, преку микробиолошки тестови. Контролата на инфекција овозможува безбедно лекување и максимална заштита од интрахоспитални инфекции.

Бројките потврда за нашиот успех

Процентот на успех во лекувањето во Аџибадем Систина се движи и до 99%. Тоа е резултат на максималната посветеност и грижа за нашите пациенти.

20 илјади нови пациенти годишно

Изградивме висока репутација во регионот, професионален углед на болница со исклучителен квалитет и со ефикасна здравствена заштита која што ја издвојува од конкуренцијата. Според статистиките Аџибадем Систина ужива најголема доверба кај пациентите. Секоја година се регистрираат нови 20.000 пациенти.

Го зборуваме вашиот јазик

Кога ви треба помош, треба да ве разберат. Со оглед на тоа дека Аџибадем Систина има пациенти од целиот регион нашиот персонал зборува 4 јазици.

Активно учество во лекувањето

Односот пациент лекар во Аџибадем Систина е највисоко ниво. Тимот доктори е достапен да одговори на секое прашање на пациентите со цел да се одбере најдобриот третман.