fbpx

Мисија, визија и вредности

Мисија

Унапредување на здравјето и квалитетот на живот преку врвна здравствена услуга според светски протоколи и примена на најсовремена технологија и експертиза.

Визија

Инспирирани од мотивот да ги исполниме специфичните потреби на пациентите нашата цел е да бидеме неприкосновен лидер во здравствениот сектор во регионот. Нашата визија е континуиран напредок и усовршување на организацијата до ниво на целосно интегриран систем кој ќе создава и едуцира нови кадри, ќе поставува високи критериуми на квалитет во работата и ќе овозможи врвна здравствена услуга според светски стандарди достапна за сите пациенти.

Вредности

„Пациентот е нашиот приоритет“

Нашите вредности се експресија на нашата визија и желба секогаш да го дадеме најдоброто од себе.

Почит и доверба. Секоја личност ја почитуваме како човек и ги земаме во предвид нејзините специфични потреби. Нашата заедничка почит се темели на взаемна доверба и разбирање.

Грижа. Веруваме во моќта на насмевката, добриот збор и сочувствувањето со пациентот во процесот на неговото лекување.

Подобрување. Се трудиме секогаш да бидеме подобри од тоа што сме биле претходно. Свесни сме дека нашиот однос може да го промени однесувањето на луѓето околу нас. Сите сме меѓусебно зависни и континуираното подобрување ни дава можност да растеме заедно.

Иновација. Секогаш подготвени да бидеме пионери во грижата за пациентите, воведувајќи нови процедури, интервенции и процеси кои нудат бенефиции на пациентот.

Тимска работа. Веруваме дека успехот е резултат на колективна посветеност и тимска работа. Ваквиот пристап ни овозможува да создадеме услови за пријатна работна атмосфера, почит и доверба. Практикуваме мултидисциплинарен пристап во дијагностицирање и третман на заболувањата.