fbpx

Приватност

Политика за приватност на личните податоци при посета на интернет-страницата на Клиничка болница „Аџибадем Систина“ Скопје, www.acibademsistina.mk

Оваа Политика за приватност на личните податоци содржи информации за видовите податоци кои може да ги собереме и задржиме при посета на нашата веб-страницата, како и на кој начин се користат и со кого се споделуваат тие податоци. Политика за приватност на Друштвото го содржи и начинот на кој може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие податоци. Оваа Политика за приватност е во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и интерните акти на Друштвото за регулирање на оваа област. Оваа Политика за приватност се однесува единствено за интернет-страницата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини. Оваа Политика на приватност не се однесува на вашата посета на други интернет-страници до кои пристапувате преку нашите интернет-страници.

Контролор

  • Контакт податоци на Контролорот се:
  • Клиничката болница „Аџибадем Систина
  • Ул. Скупи бр 5А Скопје
  • Телефонски број: 02 30 99 500
  • Интернет страна: acibademsistina.mk
  • E-mail адреса: dpo@acibademsistina.mk

Кои лични податоци ги собираме од вас?

Клиничката Болница Аџибадем Систина е контролор на личните податоци кои што Вие (како субјект на лични податоци) ни ги давате. При посета на нашата веб страна и користење на нашите веб услуги ние обработуваме различна количина на лични податоци, и тоа:

  1. За аплицирање на оглас

  • Име
  • Презиме
  • Е-пошта
  • Телефонски број
  • Работна позиција
  • Лична биографија
  1. За чување на Вашата лична биографија во нашата датабаза на лични биографии

  • Име
  • Презиме
  • Е-пошта
  • Телефонски број
  • Работна позиција
  • Лична биографија
  1. За закажување на преглед

  • Име
  • Презиме
  • Е-пошта
  • Телефонски број
  1. За контакт со нас

  • Име
  • Презиме
  • Е-пошта
  • Телефонски број
  1. За колачиња

Заради следење, анализа, одржување, развој и подобрување на функционалностите на веб страната, за време на посета на веб страната, Клиничката болница „Аџибадем Систина автоматски ги собира следните податоци:

  • URL на веб страна преку која сте дошле на нашата веб страна;
  • IP адреса;
  • основни параметри за пребарувачот, оперативниот систем и уредот;
  • посетена адреса на нашата веб страна;
  • датум и време на посета;
  • локација.

Клиничката Болница Аџибадем Систина ги користи само горенаведените колачиња. Колачињата се кориснички податоци кои веб пребарувачот ги зачувува на вашиот уред (компјутер) заради идни посети. Колачето е информација која се зачувува на вашиот компјутер за време на посета на нашата веб страна и кога повторно ќе ја отворите нашата веб страна овие колачиња ќе се искористат за подобрување на корисничкото искуство и ефикасност на веб страната. Повеќе за користење на колачињата може да најдете во нашата Политика за колачиња.

За кои цели се користат собраните лични податоци?

Вашите лични податоци ги обработуваме со цел да Ви ги овозможиме следните услуги:

  • Аплицирање на оглас за вработување
  • Чување на Вашата лична биографија во нашата датабаза на лични биографии
  • Закажување на преглед
  • Одговор на некое ваше прашање или барање кое сте ни го поставиле преку формата контактирајте не
  • Подобрување на корисничкото искуство и оптимизирање и унапредување на функционалноста на интернет-страницата

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработката на вашите лични податоци за друга цел може да се врши единствено врз основа на ваша претходна согласност.

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Вие директно ни ги давате личните податоци кои ги собираме, кога користите некоја од горенаведените услуги.

Обработката на вашите лични податоци Клиничката болница „Аџибадем Систина“  Скопје ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Македонија преземајќи ги сите пропишани технички и организациски мерки за обезбедување  тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Вработените во Клиничката болница „Аџибадем Систина“  Скопје се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ Скопје применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница. Хостирањето и чувањето на Вашите лични податоци се одвива на Клиничка болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА Скопје кое е лоцирано во Република Македонија

Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во со закон предвидена постапка.

За сите допонителни информации, прашања или забелешки во врска со заштита на личните податоци, субјектите на лични податоци можат да достават мејл до Офицерот за заштита на лични податоци на следната мејл адреса dpo@acibademsistina.mk.

Законски основ

Законскиот основ за обработка на вашите податоци за наведените активности е различен.

Па така, за целите на аплицирање за оглас обработката на вашите лични податоци е потребна за исполнување на договор во кој што вие сте договорна страна или за активности коишто му претходат на склучувањето на договорот.

  • За целите чување на Вашата лична биографија во нашата датабаза на лични биографии законскиот основ е согласноста која ни ја давате.
  • За закажувањето на преглед, законскиот основ за обработка на вашите лични податоци е согласноста која што ни ја давате за таа цел.
  • За остварување на контакт со нас, законскиот основ за обработка на вашите лични податоци е согласноста која што ни ја давате за таа цел.
  • За употребата на колачиња, законскиот основ за обработка на вашите лични податоци е согласноста која што ни ја давате за таа цел.

Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?

Согласно интерните прописи на Клиничката болница „Аџибадем Систина, за различни активности личните податоци имаат различен рок на чување.

  • Апликации за вработување –
  • Апликации собрани во датабазата на апликации –
  • Податоци од закажување на преглед –
  • Податоци од контакт форма –
  • Податоци за колачиња –

Кои се Вашите права?

  • Право на пристап – имате право да добиете потврда за тоа дали се обработуваат вашите лични податоци, како и да добиете пристап до вашите лични податоци и дополнителни информации кои се однесуваат на обработката на личните податоци.
  • Право на исправка – доколку сметате дека било кои лични податоци кои ги собираме се неточни или нецелосни, имате право да побарате и добиете исправка на неточните податоци или дополнување на нецелосните лични податоци.
  • Право на бришење – имате право да побарате да се избришат вашите лични податоци, а ние тоа барање ќе го прифатиме доколку личните податоци повеќе не се потребни за исполнување на целите, доколку приговорите на обработката и не успееме да докажеме дека нашиот легитимен интерес е поголем од вашите основни слободи и права, и доколку личните податоци се обработуваат незаконски.
  • Право на повлекување на согласноста – имате право да ја повлечете дадената согласност во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена.
  • Право на преносливост – имате право да ги добиете вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имате право да ги пренесете тие податоци на друг контролор. При остварување на правото на преносливост, вие имате право да добиете директен пренос на личните податоци од еден контролор на друг, ако тоа е технички возможно.
  • Право на ограничување на обработката на вашите лични податоци – имате право да побарате обработката да запре додека се утврдува точноста на податоците, додека се проверува дали легитимниот интерес преовладува над вашите основни права и слободи и слично.

Ако сеуште сметате дека Вашите лични податоци не се обработуваат во согласност со Законот, може да ја исконтактирате Агенцијата за заштита на личните податоци и да поднесете барање до нив.

Вашите права може бесплатно да ги остварите контактирајќи го нашиот офицер на следниот емаил: dpo@acibademsistina.mk, на телефонскиот број 071344-343, или да ни се обратите лично во просториите на Клиничката болница „Аџибадем Систина, а ние ќе ви одговориме во рок од 30 дена.

Ремаркетинг

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ Скопје информациите што ги собира преку користењето колачиња („cookies”) ги користи за ремаркетинг за Google AdWords и Facebook, односно за свое рекламирање на други интернет-страници кои ќе ги посети корисникот кој претходно ја посетил интернет-страницата на www.acibademsistina.mk

„Гугл“, „Фејсбук“ и други трети страни прикажуваат АdWords, односно т.н. “ads” низ различни интернет-страници и апликации кои корисникот ги посетува и користи. Овие „ads” се базираат и на претходните кориснички посети на интернет-страницата на Клиничката болница „Аџибадем Систина“  Скопје преку со користење колачиња.

На пример, кога со посетата на www.acibademsistina.mk корисникот се интересирал за одредена услуга или уред без да направи конкретна нарачка, со таквата активност се генерира информација која може да се појави во форма на оглас кај „Гугл“ и „Фејсбук“ и на корисникот врз основа на неговиот претходен интерес, при посета на друга интернет-страница која исто така користи “ads” на „Гугл“ да му биде презентирана реклама за Клиничката болница „Аџибадем Систина“ Скопје или за содржината што ја посетил на страницата на Клиничката болница „Аџибадем Систина“  Скопје. Сите собрани податоци од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ Скопје ќе се користат во согласност со Политиката за приватност на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ Скопје, односно со политиките за приватност на „Гугл“ и „Фејсбук“ за податоците собрани кај нив.

Корисниците можат сами да ги прилагодат параметрите за начинот на кои „Гугл“ и „Фејсбук“ рекламираат до нив со пристапување на следните страници:

За „Гугл“:
https://support.google.com/ads/answer/2662922?hl=en,
и за „Facebook”: https://www.facebook.com/ads/website_custom_audiences/ .

Корисникот може целосно да се откаже од ваквиот начин на рекламирање засновано на неговиот претходен интерес со подесување на поставките за колачиња во интернет-прелистувачот што го користи корисникот. DoNotTrack (“DNT”) е функционалност која му овозможува на корисникот да го подеси својот веб-прелистувач на начин што ќе ги информира интернет-страниците дека неговото движење на интернет не се сака да биде следено. “DNT” функционалноста корисникот може да ја овозможи или оневозможи со посета на делот „Параметри” (Preferences) или „Поставки”(Settings) на веб-прелистувачот што го користи.

Промени во Политиката за приватност на личните податоци

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ Скопје има право да ја ажурира оваа Политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет-страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите

Со користење на оваа страница корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет-страницата. Вашето континуирано користење на интернет-страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.