CRP (C-реактивен протеин) е лабораториска анализа што најчесто се препорачува кога постои сомнеж за инфекција, воспаление или друг патолошки процес во организмот. Нивото на овој протеин може нагло да се зголеми при овие состојби.
CRP-анализата му помага на лекарот да процени дали во организмот постои активно воспаление, да го следи текот на болеста и одговорот на терапијата, како и, во комбинација со други лабораториски и клинички наоди, да процени дали станува збор за бактериска или вирусна инфекција и дали е потребна антибиотска терапија.
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, CRP-анализата е достапна по промотивна цена во рамките на актуелната промоција на лабораториски услуги со попуст до 60%.
За повеќе информации и закажување, контактирајте го Контакт-центарот на 02 30 99 500.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.