Аџибадем Систина

NIPT-ТЕСТ ВКЛУЧЕН ВО ПАКЕТИТЕ ЗА ПОРОДУВАЊЕ И СО СЕКОЕ ПРИВАТНО ИН ВИТРО ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

03.04.2026

Клиничката болница „Аџибадем Систина“, по повод 25 години од основањето на првата специјализирана болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица - Систина“, воведе значајна новина за идните родители – бесплатен пренатален неинвазивен тест (NIPT), кој е вклучен во пакетите за породување, како и со секое приватно ин витро. Оваа иницијатива претставува важен чекор кон обезбедување на уште посеопфатна, сигурна и современа грижа за пациентите на патот до родителство. Со вклучувањето на NIPT-тестот, идните родители добиваат дополнителна придобивка и можност за рана генетска проценка на бременоста, што овозможува навремено и прецизно информирање.
 
Што претставува NIPT и зошто е важен?
NIPT е безбеден и неинвазивен пренатален тест кој овозможува рано откривање на најчестите хромозомски и генетски состојби кај фетусот, без ризик за мајката и плодот. Се изведува со едноставно земање крв од мајката и се базира врз анализа на слободна фетална ДНК што циркулира во нејзината крв. Овој тест им овозможува на идните родители рано, сигурно и високо прецизно генетско скрининг-испитување, со што се олеснуваат понатамошното следење на бременоста и донесувањето информирани одлуки.
 
За кого се препорачува?
NIPT-тестот е наменет за секоја трудница, а особено се препорачува кај бремености зачнати по пат на ин витро, кај трудници над 30 години, при позитивен резултат од серолошки скрининг, при суспектен ултразвучен наод, како и во случаи на претходни спонтани абортуси и во ситуации кога инвазивните дијагностички процедури носат зголемен ризик за бременоста. Со овој тест идните родители добиваат рано, безбедно и високо прецизно генетско скрининг-испитување, без ризик за мајката и плодот.
Во рамки на понудата, доколку резултатот од тестот покаже висок ризик, обезбедена е и бесплатна амниоцентеза, што претставува дополнителна сигурност за пациентите. Тестирањето се реализира во соработка со Биотек лабораторија. Дополнителна бенефиција е можноста за плаќање на услугите до 60 рати без камата преку Медиплус BABY-кредитот од Алта банка АД Битола, кој се одобрува во рок од еден ден.
 
Водечки регионален центар за репродуктивно здравје и породување
Со оваа сеопфатна понуда, „Аџибадем Систина“ уште еднаш ја потврдува својата позиција како водечки приватен центар за породување, педијатрија и ИВФ во регионот, нудејќи врвна технологија, експертски тим и целосна поддршка за идните родители. Клиничката болница претставува најголем приватен центар за породување во земјата и регионот, со над 24.000 новороденчиња и современо опремени оддели за гинекологија, акушерство и неонатална грижа. Во рамки на болницата функционира и Центарот за асистирана репродукција „Мала Богородица“, најголемиот приватен ИВФ-центар во регионот, со над 36.000 реализирани ИВФ-циклуси и стапка на успешност споредлива со најреномираните светски центри, што дополнително ја потврдува водечката улога на болницата во областа на репродуктивната медицина.

 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.