СО ИГРА, ЕДУКАЦИЈА И ПОДДРШКА: ТИМОТ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ НА PKU CAMP 2026

СО ИГРА, ЕДУКАЦИЈА И ПОДДРШКА: ТИМОТ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ НА PKU CAMP 2026

23.11.2026

На 21 ноември во организација на Здружението за поддршка на лица со фенилкетонурија „ПКУ Херои“ се одржа годинешното издание на PKU Camp 2026. На настанот учествуваше и тим од Одделот за педијатрија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кој преку едукативни и интерактивни активности им овозможи на децата со фенилкетонурија и нивните семејства да стекнат нови знаења, да разменат искуства и да добијат стручна поддршка. Дел од овој настан беа:

Во топла и пријатна атмосфера, исполнета со дружење и позитивна енергија, децата учествуваа во игри и креативни активности приспособени на нивната возраст и интереси. Истовремено, родителите имаа можност да разговараат со стручните лица за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневието, со посебен акцент на правилната исхрана, растот, развојот и специфичните потреби на децата со фенилкетонурија.

Покрај едукативниот карактер, настанот претставуваше и можност за меѓусебно поврзување на семејствата кои се соочуваат со слични предизвици. Размената на лични искуства и непосредната комуникација со медицинските професионалци придонесоа за зајакнување на довербата, подобро разбирање на состојбата и создавање чувство на заедништво и поддршка.

Учеството на PKU Camp 2026 е уште една потврда за посветеноста на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на здравјето и благосостојбата на најмладите. Преку континуирана медицинска грижа, едукација и вклучување во општествено одговорни иницијативи, болницата останува партнер на децата и нивните семејства, обезбедувајќи поддршка што ги надминува рамките на болничкото лекување. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.