Болницата работи 24 часа, секој ден во неделата. Работното време на редовните амбуланти е од 9 часот до 20 часот. Доколку немате закажан термин, или станува збор за ургентна состојба, во секое време можете да се обратите за стручна помош во Ургентниот центар кој ги покрива сите патологии и работи 24 часа.
Во „Аџибадем Систина“ 24 часа функционира Ургентниот центар, кој на пациентите им нуди медицински услуги од областа на хирургијата, гинекологијата, интерна медицина, како и педијатрија. Доколку сакате преглед од конкретен доктор, неопходно е да закажете термин кај одбраниот доктор.
Медицински транспорт можете да закажете на телефонскиот број 02 30 99 500. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со неколку амбулантски возила кои се опремени со најсовремена опрема level A, и се на располагање за транспорт на пациенти до и од нашата клиника, како и за транспорт на пациенти на подалечни дестинации.
Одделот за дијагностички лаборатории нуди комплетен спектар на услуги, а лабораториски услуги нудиме 24/7 во неделата.
Со оглед на тоа дека „Аџибадем Систина“ има пациенти од целиот регион, нашиот персонал зборува 6 јазици. Имаме персонал со полно работно време кој зборува на следниве јазици: македонски, англиски, турски, албански, српски и германски. На ваше барање, медицинската документација, исто така, може да се преведе.
Нашиот тим од Одделот за меѓународни пациенти ќе ви помогне околу сите потребни детали за вашиот престој. Со задоволство ќе ви обезбедиме помош за аеродромски трансфер и сместување. Специјални понуди и попусти за сместување на нашите пациенти се достапни во најреномираните хотели:
Обезбедуваме бесплатен превоз од/до аеродромот, како и на релација меѓу вашиот хотел и болницата. За повеќе информации обратете се во Одделот за меѓународни пациенти на +38971 21 21 31 8:00 am to 4:00 pm (UTC+1 Централно европско време) или на international@acibademsistina.mk.
Хоспитализираните пациенти секојдневно ги посетува администратор од кој ги информира за реазлизираниот трошок за време на хоспитализацијата, како и за износот на сите интервенции кои следат или се препорачани од доктор.
Вашата биографија ќе биде внесена во нашата база на податоци како потенцијален кандидат и ќе биде разгледана во Одделот за човечки ресурси.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Фондот за здравствено осигурување на РМ имаат склучено договор за кардиоваскуларна хирургија и асистирана репродукција. Повеќе информации прочитајте на АЏИБАДЕМ СИСТИНА И ФЗО
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.