Зошто Аџибадем Систина?

Зошто Аџибадем Систина?

 

Во Аџибадем Систина работи реномиран тим од повеќе од 120 врвни специјалисти. Долгогодишното искуство на нашиот тим е потврда за врвна здравствена услуга на пациентите и нивните семејства. Тие се подготвени да ги решат и најсложените медицински состојби.

Комплетна медицинска услуга на едно место

  • Единствено во Аџибадем Систина на едно место можете да добиете целосно лекување од дијагноза, третман до рехабилитација на сите болести.

Технологија од светски признаени производители

  • Технолошките можности на нашата болница овозможуваат прецизна дијагноза и третман на сите заболувања. Нашата работа постојано е фокусирана кон имплементирање на последните достигнувања во медицината.

Болница без болка

  • Интегрираната грижа од врвниот тим на специјалисти овозможува контрола на болката, за поголема удобност на пациентите во лекувањето без болка.

Комфор на највисоко ниво

  • Болнички соби се специјално дизајнирани, што на пациентите им нудиме максимален комфор за време на нивното лекување. Во пријатна атмосфера за пациентите и нивните потреби 24/7 се грижи тим од искусни и соодветно обучени медицински сестри кои се фокусирани на индивидуална нега на секој пациент.

Хигиена според светски стандарди

  • Специјален тим секојдневно врши мониторинг на хигиената во болницата, преку микробиолошки тестови. Контролата на инфекција овозможува безбедно лекување и максимална заштита од интрахоспитални инфекции.

Бројките потврда за нашиот успех

  • Процентот на успех во лекувањето во Аџибадем Систина се движи и до 99%. Тоа е резултат на максималната посветеност и грижа за нашите пациенти.

20 илјади нови пациенти годишно

  • Изградивме висока репутација во регионот, професионален углед на болница со исклучителен квалитет и со ефикасна здравствена заштита која што ја издвојува од конкуренцијата. Според статистиките Аџибадем Систина ужива најголема доверба кај пациентите. Секоја година се регистрираат нови 20.000 пациенти.

Го зборуваме вашиот јазик

  • Кога ви треба помош, треба да ве разберат. Со оглед на тоа дека Аџибадем Систина има пациенти од целиот регион нашиот персонал зборува 4 јазици.

Активно учество во лекувањето

  • Односот пациент лекар во Аџибадем Систина е највисоко ниво. Тимот доктори е достапен да одговори на секое прашање на пациентите со цел да се одбере најдобриот третман.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.