ДИЈАБЕТЕС ВО БРЕМЕНОСТ – СÈ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ

ДИЈАБЕТЕС ВО БРЕМЕНОСТ – СÈ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ

03.11.2026

Бременоста е период на големи промени, а грижата за здравјето на мајката и бебето е од особено значење. Гестацискиот дијабетес е состојба што може да се појави во бременоста, поради што навременото откривање и соодветното следење се клучни за здрава бременост.

Како се открива дијабетесот во бременоста? Кои се факторите на ризик и можните компликации? Како се контролира нивото на шеќер во крвта и каква е улогата на исхраната, физичката активност и медицинското следење? Што треба да знае секоја трудница за да го заштити своето здравје и здравјето на своето бебе?

На овие и на многу други прашања ќе одговорат ендокринологот д-р Надица Божиновска Димова и гинекологот-акушер д-р Корнелија Трајкова, на едукативното предавање во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

📅 18 ноември (среда)
🕕
18:00 часот
📍
Амфитеатар на Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Ве очекуваме на едукативно предавање посветено на информираноста, превенцијата и правилната грижа за време на бременоста. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.