ЦЕНТАР ЗА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА

ЦЕНТАР ЗА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА

ЦЕНТАР ЗА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА

 Клиничката болница „Аџибадем Систина“ започнува нова ера во хируршкиот третман на пациентите. Со набавката на најсовремениот роботски систем Toumai™, „Аџибадем Систина“ воведува роботска хирургија, со што ќе стане првиот и единствен Центар за роботска хирургија во Македонија, Косово и Албанија, кој ќе овозможи ваков тип хируршки интервенции. 

Toumai™ е современ ендоскопски хируршки робот развиен од светскиот технолошки лидер Shanghai MicroPort MedBot, кој овозможува исклучителна прецизност, стабилност и безбедност при изведување на хируршките интервенции.

Системот Toumai™ е опремен со 3D Videoscope со висока резолуција, кој овозможува јасна и природна тридимензионална слика со панорама до 100 степени. Сликата може да се зголеми и до 70 пати, што им овозможува на хирурзите детален и реалистичен приказ на најмалите крвни садови, структури и нерви. Оптичкиот систем на роботот користи и инфрацрвена технологија, која овозможува прецизно означување на туморските клетки за време на операцијата. Роботските инструменти се движат во сите оски и рамнини на просторот, целосно имитирајќи ги движењата на човечката рака, но со микроскопска прецизност. Дополнително, системот овозможува елиминација на природниот тремор на раката и обезбедува подобрена ергономија за хирургот, што придонесува за поголема стабилност, намален замор при долготрајни интервенции и уште повисоко ниво на сигурност при изведување на комплексни операции.

Роботската хирургија во „Аџибадем Систина“ ќе се применува во повеќе медицински области:

Дигестивна хирургија

  • хирургија на гастроинтестиналниот тракт (ГЕРБ, хијатална хернија, малигни и бенигни тумори на желудник, хируршки процедури на тенко црево, колоректална хирургија и сл.),
  • хирургија на паренхимни органи (црн дроб, панкреас и слезена – ресекциони процедури),
  • хирургија на стомачен ѕид (ингвинални и вентрални хернии)
 Гинекологија
  • хистеректомија (отстранување на матката)
  • миомектомија (отстранување на миоми/фиброиди)
  • салпингектомија (отстранување на јајцеводите)
  • оофоректомија (отстранување на јајниците)
  • оваријална цистектомија од било која природа
  • ексцизија на ендометриоза, вклучително и длабока инфилтративна ендометриоза
  • дисекција на лимфни јазли
  • комплетен третман на малигна патологија – цервикален, ендометријален и оваријален карцином
  • изведување специфични процедури на карличното дно за третман на пролапс и стрес уринарна инконтиненција
 Урологија
  • радикална простатектомија
  • радикална и парцијална нефректомија
  • уретеропиелопластика
  • пиелолитотомија
  • радикална цистектомија
  • уретероцистонеостомија
  • третман на малигни заболувања на простата, бубрег и мочен меур, како и реконструктивни операции на горниот и долниот уринарен тракт

Детска хирургија

  • детска урологија
  • детска абдоминална хирургија
  • неонатална хирургија

Торакална хирургија

  • анатомски и екстранатомски ресекции на белиот дроб
  • хируршки зафати во медистинум (тимектомии, тумори во медијастинум)
  • хируршки зафати на хранопровод

 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.