ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПРИ ПОСЕТА НА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА НА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СКОПЈЕ(www.acibademsistina.mk)
Оваа Политика за приватност на личните податоци при посета на интернет страницата www.acibademsistina.mk на Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, Скопје (во понатамошниот текст: Политиката) е изработена согласно прописите кои ја уредуваат материјата за заштита на личните податоци, и ги содржи сите информации поврзани со обработката на личните податоци при Вашата посета на нашата веб страница.
Податоци за Аџибадем Систина:
Ул. Скупи бр. 5А Скопје
Телефонски број: 02 30 99 500
Кои лични податоци, врз основа на кој законски основ и за која цел ги собираме при Вашата посета на нашата интернет-страница?
Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработката на Вашите лични податоци за друга цел може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност или друг законски основ согласност Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на РСМ, бр. 42 од 16.2.2020 година) и другите прописи кои ја уредуваат оваа материја.
1. За аплицирање на оглас, каде обработката е потребна за преземање активности пред пристапување кон договорот, ги собираме следните лични податоци:
· Име
· Презиме
· Маил
· Телефонски број
· Работна позиција
· Лична биографија
2. Чување на Вашата лична биографија во нашата датабаза, врз основа на согласноста која Вие ни ја давате ги собираме следните лични податоци:
· Име
· Презиме
· Маил
· Телефонски број
· Работна позиција
· Лична биографија
Кога личните податоци ги собираме врз основа на согласност, вие, како субјекти можете да ја повлечете согласноста во секое време со испраќање на меил на dpo@acibademsistina.mk Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката.
3. За закажување на преглед или контакт со нас каде обработката е потребна за преземање активности пред пристапување кон договор ги собираме следните лични податоци:
· Име
· Презиме
· Маил
· Телефонски број
4. При барање на цена на некоја од услугите на Аџибадем Систина во делот „За Вас“, каде обработката е потребна за преземање активности пред пристапување кон договор ги собираме следните лични податоци:
· Име
· Презиме
· Маил
· Телефонски број
5. Заради следење, анализа, одржување, развој и подобрување на функционалностите на интернет-страницата, се користат колачиња, кои, освен доколку Вие не се согласите, нема да бидат поставени на Вашиот уред, со исклучок на неопходните кои се потребни за правилно функционирање на интернет-страницата.
Повеќе информации во врска со колачињата, можете да најдете во Политиката за колачиња која е поставена на десниот долен агол од нашата интернет-страница.
Вие директно нам ни ги давате личните податоци кои ги собираме, кога користите некоја од горенавадените услуги.
Обработката на Вашите лични податоци, Аџибадем Систина ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, а притоа, преземајќи ги сите пропишани технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита при обработката на лични податоци. Аџибадем Систина применува сигурносни мерки при прибирање, чување и обработка на личните податоци заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складираат на нашата интернет-страница.
Хостирање и чувањето на Вашите лични податоци е лоцирано во Република Северна Македонија.
Согласно законски предвидена постапка, некои од личните податоци може да бидат откриени на надлежните органи.
За сите дополнителни информации, прашања или забелешки во врска со заштитата на личните податоци, бесплатно можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци на dpo@acibademsistina.mk.
Согласно интерните прописи на Аџибадем Систина, за различни активности личните податоци имаат различен рок на чување.
· Апликации за вработување – 45 години по завршување на работниот однос.
· Апликации собрани во дата база на апликации – 6 месеци.
· Податоци од закажување на преглед – се чуваат додека физичкото лице е пациент во болницата.
· Податоци од контакт форма – 12 месеци
· Податоци за колачиња – 12 месеци
Информациите што ги собира Аџибадем Систина преку користењето колачиња (cookies) ги користи за ремаркетинг за Google AdWords и Facebook, односно, за свое рекламирање на други интернет-страници кои ќе ги посети корисникот кој прехтодно ја посетил интернет-страницата на Аџибадем Систина (www.acibademsistina.mk).
Google и Facebook и други трети страни прикажуваат AdWords, односно, т.н. ads низ различни интернет-страници и апликации кои корисникот ги посетува и користи. Овие т.н. ads се базираат на претходните кориснички посети на интернет-страницата на Аџибадем Систина преку користење на колачињата.
На пример, со посета на www.acibademsistina.mk корисникот се интересериал за одредена усуга без да направи конкретна резервација или избирање на услугата, со таквата активност се генерира информација која може да се појави во форма на оглас кај Google и Facebook, каде корисникот врз основа на неговиот претходен интерес, а при посета на друга интернет-страница која истотака користи ads на Google, да му биде презентирана реклама за Аџибадем Систина или за содржината што ја посетил на интернет страницата.
Сите собрани податоци од Аџибадем Систина ќе се користат во согласност со оваа Политка, односно со политиките за приватност на Google и Facebook, за податоците собрани кај нив.
Корисниците можат сами да ги прилагодат прараметрите за начинот на кои Google и Facebook рекламираат, со пристапување на следните страници:
Корисникот може целосно да се откаже од ваквиот начин на рекламирање засновано на неговиот претходен интерес со подесување на поставките за колачиња во интернет-пребарувачот што го користи корисникот.
DoNotTrack ("DNT") е функционалност која му овозможува на корисникот да го подеси својот веб-пребарувач на начин што ќе ги информира интернет-страниците дека неговото движење на интернет не се сака да биде следено. "DNT" функционалноста корисникот може да ја овозможи или оневозможи со посета на делот „Параметри" (Preferences) или „Поставки"(Settings) на веб-пребарувач што го користи.
Право на пристап – имате право да добиете потврда за тоа дали се обработуваат вашите лични податоци, како и да добиете пристап до вашите лични податоци и дополнителни информации кои се однесуваат на обработката на личните податоци.
Право на исправка - доколку сметате дека било кои лични податоци кои ги собираме се неточни или нецелосни, имате право да побарате и добиете исправка на неточните податоци или дополнување на нецелосните лични податоци.
Право на бришење – имате право да побарате да се избришат вашите лични податоци, а ние тоа барање ќе го прифатиме доколку личните податоци повеќе не се потребни за исполнување на целите, доколку приговорите на обработката и не успееме да докажеме дека нашиот легитимен интерес е поголем од вашите основни слободи и права, и доколку личните податоци се обработуваат незаконски.
Право на повлекување на согласноста – имате право да ја повлечете дадената согласност во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена.
Право на преносливост – имате право да ги добиете вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имате право да ги пренесете тие податоци на друг контролор. При остварување на правото на преносливост, вие имате право да добиете директен пренос на личните податоци од еден контролор на друг, ако тоа е технички возможно.
Право на ограничување на обработката на вашите лични податоци – имате право да побарате обработката да запре додека се утврдува точноста на податоците, додека се проверува дали легитимниот интерес преовладува над вашите основни права и слободи и слично.
Ако сè уште сметате дека вашите лични податоци не се обработуваат во согласност со Законот за заштита на лични податоци, може да ја исконтактирате Агенцијата за заштита на личните податоци на info@privacy.mk
Вашите права може бесплатно да ги остварите контактирајќи го нашиот офицер на следниот емаил: dpo@acibademsistina.mk, на телефонскиот број 071344-343, или да ни се обратите лично во просториите на Аџибадем Систина, а ние ќе ви одговориме во рок од 30 дена.
Аџибадем Систина има право да ја ажурира оваа Политика во било кое време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на нашата интернет страница и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на долниот дел од интернет-страницата. Како корисници, Вие имате одговорност да проверувате дали Политиката е ажирана.
Вие, со користењето на оваа интернет-страница ги прифаќате одредбите од оваа Политика. Доколку не се согласувате со Политиката, Ве молиме не користете ја интернет-страницата (www.acibademsistina.mk). Вашето континуирање користење на интернет-страницата, следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за Ваше прифаќање на дадените промени.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.