Check up

Check up

 Во „Аџибадем Систина“ работи првиот специјализиран оддел за превентивни прегледи (check-up). Одделот нуди специјализирана програма со која воведуваат нови методи во превентивната медицина преку прецизни тестови и испитувања со цел рана дијагноза на болести кај здрави личности. Со помош на check-up програмата можеме да добиеме важни информации за состојбата на нашето здравје и да откриеме дали имаме ризик од некои заболувања.

Специјалната check-up програма се разликува од другите болници по специфичноста на своите услуги кои се отсликуваат во овој оддел, и тоа преку:

  • Корпоративни check-up програми
  • Индивидуални check-up програми
  • Детски check-up програми

Зошто треба да се направи check-up?

Во моментите кога се чувствувате добро, најверојатно, сметате дека немате потреба од доктор или какви било тестови и испитувања. Но, ризиците со кои се соочуваме се насекаде. Животните навики, како и фамилијарните предиспозиции (членови во семејството кои имаат дијабетес, срцеви проблеми или канцер) понекогаш можат да бидат потенцијален ризик фактор со кој ќе се соочите. Поради тоа, check-up прегледот игра значајна улога во раната дијагноза на заболувањата. Преку прегледот ќе ја дознаете вашата моментална здравствена состојба, но, исто така, ќе се заштитите од посериозно заболување.

Рана дијагноза

Редовните здравствени прегледи и тестови можат да помогнат да се дијагностицира болеста, во рана фаза кога нема симптоми. Здравствен скрининг којшто се изведува на лица кои немаат никакви здравствени проблеми  се нарекува check-up. Во одделот за check-up при Клиничката Болница „Аџибадем Систина“ лекарите специјалисти ги проценуваат индивидуалните карактеристики на пациентот, ризикот, проценка на семејните заболувања и факторите на околината. Во зависност од тоа се препорачуваат и спроведуваат соодветни скрининг-програми на пациентите.

Што треба да опфати еден превентивен преглед?

Резултатите од изведените скрининг-програми се анализираат од страна на лекар специјалист и се даваат соодветни препораки. Благодарение, пак, на навремената дијагноза и третман, на лицата им се овозможува долг и квалитетен живот и можност од трајно излекување на навремено дијагностицирани болести. Со најсовремени технологии во рацете на искусни клиничари и радиолози (MRI, CT, PET/CT) се вршат проверки на цело тело до најситни детали со цел рано откривање на малигните заболувања и други промени во организмот. За време на целиот check-up пациентот е придружуван од страна на вработен од болницата. Додека ги чекаат резултатите, пациентите може да имаат ужинка во удобен и пријатен простор опремен со телевизор и интернет пристап, читајќи списание или весник.

Кога се планираат прегледите мора да се опфатат повеќе органи и системи во телото за да се процени и да се добијат што повеќе податоци кои би можеле да ни укажат каков и колкав ризик има соодветниот пациент. Се прават низа различни медицински процедури и испитувања во кои се вклучени доктори од различни специјалности.

Задолжителен преглед кој мора да се направи кај сите пациенти без оглед на пол или возраст се комплетните крвни анализи, со осврт на одредени специфичности поврзани со пол и возраст. Исто така неопходна е и анализа урината и проценка за присуство на крв во изметот. Прегледот на кардиоваскуларниот систем е неопходен – се прави ехо на срце, артериски и венски крвни садови и тест на оптоварување за комплетна неинвазивна проценка на пациентите по 18-годишна возраст, особено по 40-годинашна возраст како задолжителен годишен преглед. Исто така задолжителни и прегледи без оглед на пол и возраст е прегледот на белите дробови, кој мора да се направи и кај луѓето кои пушат и кај непушачи и прегледот на стомачните органи и системот за варење храна. Нутриционистичниот преглед е важен дел од прегледот бидејќи ни укажува на исправниот начин на исхрана и движење и што порано добиеме и ги прифатиме овие хигиенодитетски препораки ризикот за развој на одредени заболувања ќе се намали.

Проценката на коскената густина, преглед на тироидна жлезда, кожен, невролошки, психијатриски, ОРЛ-преглед се дел од планирани или дополнителни прегледи. Врз планот за превентивните прегледи влијание има дали лицата се од машки или женски пол, односно кај пациентките задолжително е вклучен и гинеколошки преглед и преглед на градите, а кај машкиот пол е потребен е уролошки преглед, без оглед на возраста во двете групи.

Корпоративни check-up програми

Преку корпоративните check-up програми се изведуваат здравствени пакет прегледи за менаџери и вработени, како и за нововработени.

Индивидуални check-up програми
Индивидуални check-up програми кои се категоризираат според возраст и пол:
Менаџерски check-up
Детски check-up
Нови Check up Plus пакети за мажи и жени

Превентивните прегледи треба да се започнат од детска возраст следејќи ги стандардите состојби на локомотрорниот систем, сите сетила, состојбата на дишниот апарат, грлото, крајниците, забалото. За да биде се поединставно во нашата болница овие прегледи се групирани во таканаречени ‘пакети’, кои се слични, но во исто време и различни зависно од тоа дали се работи за деца до 14-годишна возраст, лица до или над 40-годишна возраст и дали се работи за пациент од машки или женски пол. Овие пакети секогаш се индивидуализираат и прилагодуваат на карактеристиките на поединецот, односно се насочуваат во одреден правец доколку се согледа постоење на одреден тип на можен здравствен проблем. Сите иследувања ни помагаат во скрининг за одредени заболувања и поставување на нивна рана дијагноза.

Доктори во одделот

Специјалист по кардиологија

Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.