Педијатриски ургентен центар

  • Дома Педијатриски ургентен центар

Педијатриски ургентен центар

Голем број состојби во детската возраст бараат ургентен пристап. Високата температура, повраќање, дијареја, повреди се дел од проблемите кои предизвикуваат паника кај родителите, посебно ако истите се интензивираат во текот на ноќта. Со цел да одговориме на потребите на најмалите во моменти кога тоа е најпотребно, го отворивме најсовремениот Педијатриски ургентен центар. Концептиран е по примерот на светските реномирани ургентни центри.

Голем број состојби во детската возраст бараат ургентен пристап. Високата температура, повраќање, дијареја, повреди се дел од проблемите кои предизвикуваат паника кај родителите, посебно ако истите се интензивираат во текот на ноќта. Со цел да одговориме на потребите на најмалите во моменти кога тоа е најпотребно, го отворивме најсовремениот Педијатриски ургентен центар. Концептиран е по примерот на светските реномирани ургентни центри. Тоа го прави водечки педијатриски центар во целиот регион. Во него работи мултидисциплинарен тим на искусни доктори кои може да ги третираат сите болести поврзани со детската возраст. Секоја состојба се третира индивидуално со што се обезбедува најдобриот можен третман за секое дете.

Со цел грижата за децата да биде достапна во секое време, во рамките на Педијатриската болница функционира и најсовремен Педијатриски ургентен центар со 5 соби за опсервација и една сала за интервенции, конципиран по примерот на светските реномирани ургентни центри. Со мултидисциплинарен тим доктори кои може да ги третираат сите итни состојби кај децата Ургентниот центар работи 24 часа, секој ден во неделата. Ургентниот центар располага со сета неопходна апаратура за следење на децата и нивен третман, а воедно е дизајниран и опремен во пријатен детски амбиент со цел намалување на стресот и непријатноста од престој во болничка установа кај детето и неговата придружба.

 

ДНЕВНА БОЛНИЦА

Дневната болница, со капацитет од 5 посебни простории за опсервации на пациенти, овозможува згрижување на болно дете кај кое е потребен краток временски престој. Во овој дел се спроведува инфузиона терапија, како и апликација на лекови, рехидратација и инхалација на педијатриските пациенти и следење на децата по спроведување на дијагностички процедури за кои е потребна краткотрајна анестезија.

Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.