fbpx
ОДДЕЛИ

Оториноларингологија

Искусниот тим на реномирани ОРЛ специјалисти овозможуваат дијагноза, третман на сите болести на уво, грло и нос. Тимот е составен од експерти со долгогодишно искуство во изведување и на најсложените хируршки интервенции кај деца и возрасни.

Специјални ОРЛ домени:

  • Отологија–невроотологија
  • Отохирургија и хирургија на кондуктивни нарушувања на слухот
  • Ринологија
  • Функционална ендоскопска хирургија на параназалните синуси
  • Педијатриска оториноларингологија
  • Ларингологија и хирургија на глава и врат
  • Фонијатрија и фонијатриска хирургија
  • Аудиологија
  • Нарушувања во слухот и рамнотежата

Отологија – невроотологија и отохирургија

Дијагноза и третман на акутни и хронични заболувања на увото. Хируршки третман на акутни мастоидити, хроничен отит, холестеатом. Хирургија на кондуктивни нарушувања на слухот. Хируршки третман на отосклероза, тимпанопласика, реконструкции на осикуларниот синџир.

orls slika

Ринологија

Дијагноза и третман на заболувањата на носот и параназалните синуси. Третман на алергиски ринити. Функционална ендоскопска хирургија на параназалните синуси. Хируршки третман на акутни и хронични синузити и носна полипоза. Ендоскопски третман на епистакси. Хирушки третман на девијации на носната преграда.

Педијатриска оториноларингологија

Дијагноза и третман на заболувањата на тонзилите и аденоидните вегетации, опструктивна слип апнеа, секреторен отит во детска возраст. Третман на конгенитални малформации, како хоанална атрезија, вродени аномалии на уво, ларинкс и сл.

Ларингологија и хирургија на глава и врат

Дијагноза и хируршки третман на бенигни и малигни тумори на ларингохипофарингеалната регија. Видеоларингоскопија, фонијатриска хирургија и хирургија на гласните жици. Хируршки третман на малигните заболувања на ларинксот, главата и вратот. Постоперативно следење и третман.

Аудиологија

Дијагноза и третман на аудио-вестибуларни заболувања. Третман на вртоглавици, тинитус, акутна глувост и слушни оштетувања. Скрининг на слух кај новороденчиња и деца.

Kохлеарни импланти

Кохлеарниот имплант е електронско медицинско помагало кое ја заменува функцијата на оштетената кохлеа. За разлика од слушните апарати кои ја зголемуваат јачината на звукот, кохлеарниот имплант ја заменува функцијата на кохлеата и процесира сигнали до мозокот. Кај некого може да се имплантираат и двете уши бидејќи слушањето на две уши ја подобрува функцијата на локализација на звукот и слушањето во бучна средина е подобро.