fbpx

Конференција „Безбедност на пациентите“ во „Аџибадем Систина“

21.05.2015

Конференција „Безбедност на пациентите“ во „Аџибадем Систина“

По повод интернационалната недела на медицинските сестри, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ организираше конференција на тема „Безбедност на пациентите.“

На конференцијата беа презентирани најновите сознанија, медицински протоколи и искуства во секојдневната грижа на пациентите кои придонесуваат за зголемување на безбедноста за време на болничкиот престој.

Конференцијата ја отвори д-р. Јана Марин, член на одборот на директори на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ која ги истакна заложбите на болницата за акредитирање на JCI стандардите како значен чекор во спроведувањето на безбедност на пациентите во секојдневната пракса. Претседател на панел дискусијата беше г-ѓа Салиха Коч, директор на Сестрински услуги на Здравствената групација Аџибадем.

Гости предавачи на конференцијата беа Д-р Ефе Онганер, заменик медицински директор на Здравствената групација Аџибадем и Озге Ерслан, медицинска сестра за едукација на Здравствената групација Аџибадем.

Главната медицинска сестра на „Аџибадем Систина“, Билјана Дилевска го истакна искуството на болницата од досегашната работа и ги напомена клучните цели кон кои треба да се водат медицинските сестри во секојдневната пракса со цел да ги сведат на минимум ризиците од појава на било каква состојба која би можела да ја загрози безбедноста на пациентите.

Конференцијата ја следеа медицински сестри од болницата „Аџибадем Систина“ како и од другите јавни и приватни здравствени институции во Скопје и Македонија.

[widgetkit id=48]