fbpx
ОДДЕЛИ

Нуклеарна медицина

Во „Аџибадем Систина“ постои првиот приватен оддел за нуклеарна медицина во Р Македонија, дизајниран и опремен според европските стандарди за заштита и сигурност при работа со отворени извори на јонизирачки зрачења. Одделот се состои од кабинети за: нуклеарна медицина, радионуклидна терапија и дијагноза и терапија на болести на тироидната жлезда.

Nuklearna MK

SPECT гама-камера

Кабинетот за нуклеарна медицина располага со компактна повеќенаменска SPECT камера со два детектори кои овозможуваат изведување широка палета нуклеарно медицински дијагностички иследувања. Сензитивноста на гама-камерата, како и протоколите за пост процесирање даваат дијагностички квалитет на добиените слики по цена на редуцирана доза на радиоактивност кај пациентот. Гама-камерата е интегрирана во системот за комуникација меѓу модалитети и архивирање податоци со што е добиена опција за хибридна SPECT/CT, SPECT/MRI фузија на слики.

Радиофармацевтска лабораторија

Опремена е со дигестор од најнова генерација (Lamin Air) за работа со опасни материи. Во него се вградени доза-калибратор за мерење на радиоактивност, лифт за автоматско манипулирање на генератор на радиоактивни елементи, како и заштитен простор за привремено одлагање на радиоактивен отпад контаминиран при процесот на обележување на фармацевтските препарати. Во посебна работна станица се изведува обележување на крвни елементи со радиофармацевтски препарати.

Кабинет за радионуклидна терапија

Располага со еднокреветен апартман за третирање пациенти со радиоактивни изотопи, специјално дизајниран за максимална заштита на пациентот, персоналот и околината. Во него се администрира радиојодна терапија кај пациенти со соодветна индикација, како и палијативна терапија кај метастатска коскена болка.

 

Кабинет за дијагноза и терапија на болести на тироидна жлезда

Нуди квалитетен клинички преглед, ултрасонографско испитување на тироидна и паратироидни жлезди на најсовремен ехографски апарат, лабораториски испитувања на тироидни хормони, сцинтиграфија на тироидна жлезда, пункциона биопсија под контрола на ултразвук.

Сето ова придонесува за брзо поставување дијагноза кај пациенти со заболувања на тироидната жлезда, а со тоа и за навремено почнување со соодветна терапија.

Пункционата биопсија на тироидната жлезда под контрола на ултразвук се изведува во соработка со одделот за хистопатолошка лабораторија и резултатите од испитувањето се добиваат истиот ден.

kabinet za tirodina
kabinet za tirodna