fbpx
ОДДЕЛИ

Неврохирургија

Одделот е предводен од еминентни неврохирурзи, кои ги изведуваат и најсложените неврохируршки интервенции. Интервенциите се водени со невромониторинг, процедура која нуди безбедност на пациентот без можност за компликација и повреда на нервно ткиво. Операциите се изведуваат со помош на најсовремен неврохируршки микроскоп кој дава прецизна и детална слика на оперативното поле.

ТРЕТМАН НА НЕВРОХИРУРШКИ БОЛЕСТИ И СОСТОЈБИ

Искусниот тим неврохирурзи со најсовремени методи и работејќи според светски стандарди ги изведува и најсложените интервенции од областа на неврохирургијата.  Благодарение на експертизата и современата технологија ,Одделот нуди дијагноза и третман на сите болести на мозокот кај возрасни пациенти и деца.

  • Дегенеративни нарушувања на ‘рбетот (дискус хернија, ‘рбетни стенози, ‘рбетна нестабилност, спондилолистеза)
  • Тумори на ‘рбетот
  • Васкуларни болести на мозокот (аневризми , AVM)
  • Повреди на главата
  • Интракранијални хематоми
  • Васкуларни болести на ‘рбетот
  • Тумори на мозокот
  • Хидроцефалус и компликации на премостување
  • Тумори на хипофиза
  • Функционална неврохирургија (епилепсија-болка)
  • Периферни нерви (повреди, тумори, компресија)
  • Интраорбитални тумори

ХИРУРГИЈА НА МОЗОК

  • Тумори на мозок (бенигни, малигни);
  • васкуларни болести (третман на мозочни удари)
  • конгенитални васкуларни болести (AVM, кавернома, аневризма);
  • интрацеребрален хематом (мозочни крвавења);
  • хидроцефалус (мозочен едем);
  • траума (краниоцеребрални повреди);
  • инфекција (апсцес);

Хирургија на `рбетен мозок (medulla spinalis)

Прецизна дијагноза и третман на: болка во вратот и во крстот, хернија во вратниот и во крстниот дел на ’рбетот, стеснет ’рбетен канал, конгенитални и структурни дефекти на медулата, проблемот на стареење на медулата и слични болести кои ја предизвикуваат оваа состојба. Нашиот тим успешно ги третира состојбите поврзани со неуспешен оперативен третман на болката во пределот на грбот.

МУЛТИДИЦИПЛИНИРАН ПРИСТАП

Во лекувањето нудиме мултидисциплинарен пристап со тим од ортопеди и трауматолози, невролози и физијатри од „Аџибадем Систина“:

  • дискус хернија;
  • вратна (цервикална) хернија,
  • грбна (торакална) хернија,
  • крстна (лумбална) хернија;
  • тумори (бенигни, малигни);
  • васкуларни болести (конгенитални – авм);
  • крвавења во медула (интраспинални хематоми);
  • траума на медула;
  • инфекции ( апсцес).

ХИРУРГИЈА НА ПЕРИФЕРЕН НЕРВЕН СИСТЕМ

  • траума (повреди);
  • компресија (компресивен синдром).

НЕВРООНКОЛОГИЈА

Хируршки третман на сите видови тумори на мозокот и ‘рбетниот столб: менимгиоми, глијални тумори, тумори на церебелопонтиниот агол, хипофизата, мозочното стебло, шишарковиден регион, тумори на задната черепна јама, тумори на базата на черепот, екстрамедуларната или интрамедуларен ‘рбетни тумори, calvarial лезии, cranioplasty хирургија, краниофацијална хирургија.