fbpx
ОДДЕЛИ

Нефрологија

Одделот за нефрологија овозможува континуирано следење на пациентите со бубрежни заболувања, нефролошко советување на пациентите и нивните семејства за превенција од бубрежни заболувања, како и проценка на ризик фактори за развој на бубрежно заболување. Нашиот тим ви нуди единствен и интегриран пристап во грижата за вашето бубрежно здравје со можност за истовремена уролошка и кардиолошка консултација.

Nefro MK

АМБУЛАНТСКИ ПРЕГЛЕДИ И ПРОЦЕДУРИ

  • микроскопска анализа на уринарен седимeнт со нефролошко толкување и советување,
  • нефролошка консултација за уринарни инфекции
  • ехо преглед на уринарен систем, надбубрежни жлезди и простата
  • ехо преглед на стомачни органи
  • ехо преглед на тестиси, паратироидни жлезди
  • ехо со доплер на бубрежни крвни садови
  • поставување и промена на уринарен катетар
  • нефролошко следење и терапија кај посебна група пациенти (пациенти со пресаден бубрег, пациенти со дијабетична нефропатија), хронична бубрежна слабост.
  • Третман на артериска хипертензија
  • Лекување инфекции на уринарните патишта
  • Гломерулонефрити и други имунонефропатии
  • Анемија од бубрежно потекло
  • Дијебетична нефропатија
  • Хронична бубрежна болест
  • Подготовка за бубрежна трансплантација
  • Интервенции под контрола на ултразвук

ЦЕНТАР ЗА БУБРЕЖНА БОЛКА

Центарот за бубрежна болка овозможува брзо и ефикасно разграничување на слабинска болка, дијагноза и обезболување. Пациентите во секое време може да добијат консултација за бубрежни каменчиња, дијагностика и третман на бубрежна болка.

ИНТЕРВЕНТНИ ПРОЦЕДУРИ ПОД КОНТРОЛА НА ЕХО

  • Биопсија на бубрег
  • Биопсија на простата
  • Поставување и одржување на нефростома
  • Пункција и склерозација на бубрежна циста
  • Поставување на централни венски катетери како крвен пристап за хемодијализа