fbpx

Специјално означен паркинг – простор за бремените жени и мајките со мали деца

06.02.2015

Специјално означен паркинг – простор за бремените жени и мајките со мали деца

Бремените жени и мајките со мали деца се посебна група кон која ги насочуваме нашето внимание, љубов и грижа. Сакаме тие да се чувствуваат удобно, безбедно и добредојдено во нашата болница.

Со цел да овозможиме подостапен пристап, паркинг местата кои се најблиску до влезот на болницата ги означивме во бојата на понежниот пол. Овие розови знаци укажуваат дека паркингот е резервиран за бремените жени и мајките со мали деца кои доаѓаат во посета на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Засега, ваквите означени паркинг-места во град Скопје ги има единствено во нашата болница. Во Европа и светот тоа е принцип кој се спроведува со децении. Ќе ни претставува чест доколку нашиот гест претставува пример и поттик за останатите институции и на тој начин ќе креираме позитивна слика на заедница која се грижи за оваа група.

[widgetkit id=32]