fbpx

Една година растеме заедно со Катја

04.02.2015

„Аџибадем Систина“ и Катја ја добија најголемата животна борба

 

Помина една година од моментот кога Катја ја почна најголемата животна борба. Тогаш, свесни бевме дека пред нас претстои долга и неизвесна борба и дека ќе се соочиме со најголемиот предизвик досега.

Катја е пример дека вербата, истрајноста и безрезервната поддршка резултираат со успех. Докажа колку храброст и сила може да содржи едно мало штотуку родено бебе. Среќни сме што ја добивме најтешката животна борба и денеска сите заедно го славиме животот. Оваа позитивна приказна, за нас претставува вечна инспирација и мотив да продолжиме во нашата секојдневна мисија.

БОРБА ЗА ЖИВОТ УШТЕ ВО ПРВИОТ МОМЕНТ ОД РАЃАЊЕТО

Катја е родена на 04.02.2014 во 26.недела од бременоста, со родилна тежина од 830 грама. Незрелоста и ниската родилна тежина бараа итна примарна реанимација, по што следуваше поставување на новороденчето на апарати за вештачка вентилација. Искуството на педијатрите, неонатолози и брзата реакција беа клучни за здравјето на Катја во тие моменти. Лекувањето беше во согласност со сите протоколи за предвремено родени деца со постојан мониторинг на сите витални функции.

ПИОНЕРСКА ОПЕРАЦИЈА НА БЕБЕ ТЕШКО 830 ГРАМА

Борбата на Катја беше неизвесна од ден за ден. Еден месец по раѓањето, се соочивме со дополнителен проблем. Крвниот сад кој ги поврзува големите артерии (ductus arteriosus) кај Катја остана отворен. Тоа го отежнуваше лекувањето и водеше кон нови компликации. Интервенцијата со лекови не даде позитивен резултат, со што се постави индикација за итна операција бидејќи нејзиното здравје секојдневно се влошуваше. Операцијата беше изведена од страна на проф. Салис Таџер и неговиот тим. Ваква интервенција кај толку мало бебе е за првпат изведена во регионот. Нејзиниот успех беше важен фактор за понатамошното лекување и заздравување.

КАТЈА НАУЧИ ДА ДИШЕ САМОСТОЈНО

Најтешката борба беше Катја да научи да дише. По долги месеци поминати со тубус, Катја самостојно го зема првиот здив. Полека но сигурно, нашиот борец растеше и добиваше во тежина.

ПО 100 ДЕНА НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА КАТЈА СИ ЗАМИНА ДОМА

Дојде долго посакуваниот ден кога Катја замина во својот дом. Но, и понатаму продолжи нашата грижа за неа. Тимот педијатри, неонатолози предводен од д-р Симонида Спасевска беа и се секогаш достапни за совет и консултација поврзани со здравјето на Катја… Една година заедно растеме и се радуваме на секоја нејзина насмевка. Таа е нашиот мал борец кој засекогаш ќе нѐ потсетува на храброста и големината која може да ја собере едно мало срце.

[widgetkit id=31]