fbpx

24 часа достапен педијатар во „Аџибадем Систина“

06.02.2015

24 часа достапен педијатар во „Аџибадем Систина“

pedijatriski urgenten centarГолем број состојби во детската возраст бараат ургентен пристап. Високата температура, повраќање, дијареја, повреди се дел од проблемите кои предизвикуваат паника кај родителите, посебно ако истите се интензивираат во текот на ноќта. Со цел да одговориме на потребите на најмалите во моменти кога тоа е најпотребно, го отворивме најсовремениот педијатриски ургентен центар. Концептиран е по примерот на светските реномирани ургентни центри. Тоа го прави водечки педијатриски центар во целиот регион. Во него работи мултидисциплинарен тим на искусни доктори кои може да ги третираат сите болести поврзани со детската возраст. Секоја состојба се третира индивидуално со што се обезбедува најдобриот можен третман за секое дете.

Ургентниот центар работи 24 часа секој ден во неделата. Нашите доктори се достапни да одговорат на сите ваши прашања, тука се да ви дадат совети за најдобра нега на вашите најмили.