fbpx

Отворен спинален центар во Клиника болница „Аџибадем Систина“

04.09.2014

Отворен спинален центар во Клиника болница „Аџибадем Систина“

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го  отвори првиот спинален центар, во кој на едно место ќе се третираат сите болести на `рбетот. Центарот е опремен со најсовремена апаратура и инструменти. Во него врвните специјалисти трауматолози, неврохирурзи, ортопеди, неврофизиолози, неврорадиолози и физијатри ги изведуваат најсовремените дијагностички, терапевстки и хируршки интервенции на целата патологија на `рбетот.

Спиналниот центар е единствен центар од ваков вид во регионот, во кој на едно место може да се добие комплетна дијагноза и третман на целата патологија на `рбетот. Мултидисциплинарниот пристап на сите специјалисти е фокусиран кон изнаоѓање на најефикасниот третман за секој проблем со `рбетот и `рбетниот мозок. Тимот е подготвен, во секое време,  да одговори на индивидуалните проблеми на пациентот, се со цел за што пократок временски период да се намалат болките на пациентот и да се врати функцијата на `рбетот. Она што го издвојува центарот се врвните специјалистите во регионот, кои постојано се стремат кон изнаоѓање на нови техники со цел да се третираат и најсложените состојби на `рбетот. Спиналниот центар ќе го раководи  проф. д-р Јордан Савески (трауматолог, хирург). Дел од центарот се и проф. д-р Јовица Угриновски (неврохирург), проф. д-р Кирил Лозанче (неврохирург), д-р Љуљзим Агаи (неврохирург), д-р Милчо Демерџиев (невролог, неврофизиолог), д-р Неда Трајковска (трауматолог , хирург), д-р Михајло Ивановски (трауматолог, хирург), д-р Маја Каличанин Марковска (ортопед, хирург), д-р Душко Михајлоски (неврорадиолог) д-р Зоран Димовски (физијатар) и д-р Аница Хаџи Петрушева Јанкијевиќ (физијатар).

Опрема за иновативни хируршки интервенции

Спиналниот центар е опремен со најновите достигнувања во однос на третманот на `рбетот. Дел од опремата е и најновиот неврохируршки микроскоп, последен збор на технологијата, со кој прецизно се изведуваат и најкомплексните интервенции. Во склоп на операционите сали се и софистицирани инструменти за изведување на  иновативни хируршки интервенции на `рбетникот. Спиналниот центар располага со интраоперативен мониторинг и неуромониторинг за изведување на најделикатни интервенции со ризик од невролошки оштетувања. Во исто време се посветува максимално внимание на постоперативната мобилност на пациентот. Фокусирани на брзата рехабилитација по третманот, во центарот функционира и физикална терапија со тим од 12 терапевти и специјализирана опрема која овозможува пациентот во најкраток временски период да се врати на секојдневните активности.

Специјално обучен средно медицински тим

Бидејќи постоперативниот третман и рехабилитација се клучни за целосно лекување на овие пациенти, создадовме специјален тим на медицински сестри и физиотерапевти. Нивната едукација со посебно внимание беше насочени кон постоперативниот третман на овие болни, со цел да се спречат компликациите по хируршкиот третман.  

[widgetkit id=9]