fbpx

Најсовремениотдерматоскопво светот Mole Max HD PRO единствено во „Аџибадем Систина“

30.08.2014

Најсовремениот дерматоскоп во светот
Mole Max HD PRO единствено во „Аџибадем Систина“

Дали ги проверивте вашите бенки, после изложување на сонце? Ризикот од меланом се зголемува по штетното влијание на сончевите зраци. Mole Max HD PRO e последна генерација на дерматоскопи во светот, со кој рано се дијагностицира карциномот на кожа. Овој најсовремен апарат, овозможува со едно снимање да се скенира целото тело, со што во исто време прецизно се следат повеќе пигментни промени на телото. По снимањето современиот софтвер на Mole Max HD PRO дерматоскопот, компјутерски го одредува ризикот на секоја пигментација. Доколку бенката е со висок ризик може навреме да се отстрани, пред да премине во канцер, со што ќе се превенира карциномот на кожата. Апаратот според резултатите од проценката одредува кога треба да се направи следниот преглед. Сите податоци на пациентот се сместени во посебни фајлови, што овозможува споредба на секој преглед. Mole Max HD PRO дерматоскопот, кој го користат врвните дерматолошки центри во светот, во регионот е достапен ексклузивно во „Аџибадем Систина“.
За важноста од превентивни прегледи за карцином на кожата во Македонија, најдобро зборуваат статистиките. Нашата земја е на самиот врв во Европа, по бројот на нови случаи годишно. Во светот карциномот на кожа е најчест карцином кај луѓето.