fbpx

Револуционерни потфати: Во „Аџибадем Систина“ оперирано новороденче родено без дијафрагма и со срцева мана

17.11.2020

 Новороденче на кое уште додека било во мајчината утрoба му било дијагностициран сериозен недостаток и срцева мана сега ја доби својата шанса за живот. Заминува дома десет дена по успешната операција во детската хирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Детето е родено буквално без дијафрагма. Породувањето го извршил гинекологот д-р Павле Димчев, а дијагнозата е потврдена и од доц. д-р Владимир Чадиковски, кој ја изврши интервенцијата.

AcibademSistina SIS

Кај детето практично сите тенки црева, дебелите црева, слезенката и желудникот биле во левото белодробие. Поради тоа срцето имало десна поставеност, односно било турнато на десната страна. Д-р Чадиковски вели дека е пресреќен што ваква интервенција е изведена револуционерно во оваа болница, особено што исходот е успешен.

image

„Го следевме уште во текот на бременоста. Организирано се породи и веднаш го презедовме кај нас. На интензивна нега беше примено веднаш, а операцијата се направи 24 часа по породувањето. Впрочем, се направи реконструкција на дијафрагмата, органите се вратени, а направена е надворешна кила за да се соберат сите органи. При операцијата затворен е и дуктусот (посебен канал кој носи крв од срцето во белите дробови) на детето кое има и срцева мана. На тој начин кај детето се заврши интервенцијата. Четвртиот ден го извадивме од машина. Успеавме со посебен третман, кардиохируршко-интервентен пристап, и еве денес си одат дома заедно“, вели кардиохирургот д-р Владимир Чадиковски.

AcibademSistina SIS

Мултидисциплинираниот пристап кој се спроведува во дијагностицирањето и лекувањето на сите пациенти во болницата овозможи недостатокот да биде откриен уште додека бебето било во утробата на мајката.

Мајката Ангелина Апцева вели дека била исплашена и во прашалници, но дека имала среќа да се обрати  кај вистинските доктори.

image

„Дијагнозата беше утврдена две недели пред самиот термин за пораѓање од мојот матичен гинеколог којшто ми ја водеше бременоста. Тој ме испрати на второ мислење во неколку институции и на крај по препорака од моја пријателка дојдов тука, во ‘Аџибадем Систина’. Разбрав дека д-р Чадиковски води вакви случаи бидејќи детето беше со дијагностицирана дијафрагмална хернија. Тука беше изведена и целата операција на царски рез од д-р Павле Димчев,  а потоа нè презеде д-р Чадиковски. Презадоволна сум од третманот и за мене како мајка и за моето дете. Добивме шанса и  пресреќни сме“, вели Апцева.
Трошоците за интервенцијата на новороденчео се покриени преку Фондот за здравствено осигурување.