fbpx

ХИРУРЗИ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ НА ОНЛАЈН КОНГРЕС НА МЛД

18.11.2020

AcibademSistina Kongres

Со заедничко излагање на тема „Приказ на случај: Гангрена Фурние кај женски пациент“, хирурзите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, д-р Мирјана Јосифовска од Одделот за естетска, пластична и реконструктивна хирургија, д-р Фросина Адамовска и м-р. д-р Тони Јосифовски од Одделот за дигестивна хирургија учествуваа на „Првиот онлајн МЛД конгрес 2020“.

Станува збор за доста специфичен случај. Иако заболувањето најчесто се јавува кај мажи на средна возраст и е десет пати поретко кај женскиот пол, во конкретниот случај станува збор за 70-годишна обезна пациентка со (ИТТ) индекс на телесна тежина 40, со срцеви проблеми и со гангрена Фурние. Пациентката и покрај тоа била успешно оперирана во КБ „Аџибадем Систина“  и по 7 дена пуштена дома.

Онлајн конгресот се одржува во периодот од 10 до 20 ноември во организација на Македонското лекарско друштво (МЛД) и во соработка со Медицинскиот факултет-Скопје.