fbpx

Прва интервенција на промена на пол направена во клиничката болница „Аџибадем Систина“

03.06.2017

AcibademSistina GURS 2017 03

За првпат во земјава направена е хируршка интервенција на промена на пол. Тимот од врвни доктори, предводен од проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ, по 5-часовна операција, го промени полот на 33-годишен маж од Македонија во жена. Хируршката интервенција се следеше во живо од учесниците на првиот симпозиум за урогенитална хирургија во организација на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Центарот за генитоуринарна реконструктивна хирургија од Белград.

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ направена е првата интервенција на промена на пол кај 33-годишен маж. Интервенцијата ја изведе тим од врвни уролози по генитално реконструктивна хирургија предводен од проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ. За време на 5-часовната интервенција кај пациентот полот е променет во женски.

„Подготовките за оваа интервенција траеjа повеќе од една година за време на кое пациентот мораше да помине психолошка подготовка и хормонска терапија. По завршување на процесот на подготовка на пациентот, направена е промена на полот. Интервенцијата помина во најдобар ред, пациентот моментално заздравува од хируршката интервнција. Во болница ќе остане наредните две недели, колку што е потребно за целосно закрепнување“ изјави проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ

Хируршката интервенција се следеше во живо од учесниците на првиот симпозиум за урогенитална хирургија во организација на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Центарот за генитоуринарна реконструктивна хирургија од Белград.“

AcibademSistina GURS 2017 02

„На симпозиумот за генитоуринарна реконструктивна хирургија се претставија последните достигнувања во оваа област во медицината, а учесниците во живо имаа можност да присуствуваат на најсовремените хируршки интервенции кои беа изведени од д-р Даниела Андриќ (Лондон), д-р Шон Елиот (САД), Андре Кавалканти (Бразил), д-р Атес Кадиоглу (Турција), Франциско Мартинис (Португалија) и Мирослав Ѓорѓевиќ (Србија)“ изјави проф. д-р Љупчо Лековски, медицински директор во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Од 1 до 3 јуни 2017 год., во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа првиот симпозиум за генитално реконструктивна хирургија на кој учествуваа доктори од целиот регион. На симпозиумот, кој е прв од ваков вид во земјава, како предавачи се појавија шесте најеминентни доктори од областа од генитоуринарната реконструкција од целиот свет.