fbpx

Историски успех за сите нас

05.06.2017

Како официјален медицински партнер на Ракометниот клуб „Вардар“ ја честитаме победата и освоената титула во Лигата на шампионите. Горди сме на успехот на најтрофејниот ракометен клуб на Р Македонија, кој докажа дека можеме да бидеме рамо до рамо со светските ракометни велесили.

Успехот на Вардар е успех на сите нас и голем историски успех за Македонија. Ни претставува чест што сме дел од тимот кој покажа професионалност на спортскиот терен и донесе радост и национална гордост.

Како долгогодишни поддржувачи на ракометот и на македонскиот спортски бренд  „ВАРДАР“ сме имале можност да бидеме сведоци на голем број спортски успеси. Но, шампионската титула е најголемото достигнување што можеше да им се случи на спортски план на Р Македонија и на љубителите на македонскиот ракомет.

Упатуваме искрени честитки до целокупното раководство на РК „Вардар“ и до целиот тим. Искрено се надеваме дека овој тим и во иднина ќе го оправда епитетот европски шампион и ќе носи нови победи!