fbpx

По тешката повреда на коленото, ракометарот Борозан заздравува во „Аџибадем Систина“

23.11.2018

По тешката и ретка повреда на коленото, еден од најдобрите играчи на  ракометниот клуб „Вардар“, Вуко Борозан, деновиве заздравува во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Благодарение на успешната интервенција на тимот трауматолози д-р Михајло Ивановски и д-р Борислав Илиев, во соработка со анестезиологот д-р Мирјана Петровска, црногорскиот бек го реши проблемот со тешката и ретка повреда на коленото.

„Интервенцијата се одложуваше затоа што сметавме дека ќе може до крај да игра во Лигата на шампиони, но коленото, за жал,  му се блокираше пред натпреварот со Барселона и мораше веднаш да се реагира. Станува збор за повреда на ‘рскавицата која беше придружена со тешки болки во коленото и неможност за движење. Сега  следува период на рехабилитација од два до три месеци, по што очекуваме со полна сила да се врати на терените“, вели  д-р Михајло Ивановски .

„Во ‘Аџибадем Систина’ доаѓаш и си заминуваш со насмевка“

Борозан вели дека има одлично искуство со болницата „Аџибадем Систина“. Тука  во септември се породи неговата сопруга Ива и на свет ја донесе ќерката Талија. Црногорскиот спортист е презадоволен од третманот на целиот персонал во болницата, вели доаѓаш и си заминуваш со насмевка.

„Презадоволен сум  од доктор Михајло  Ивановски, кој заслужено ја доби довербата од играчите  на тимот на ‘Вардар’.  Повредата ја детектиравме во август, но одлучивме  да издржам до 3 декември, додека трае Лигата на шампионите. Планот беше интервенцијата да ја направам за време на паузата за да можам да се вратам во вториот дел од сезоната, но, сепак, не испадна според зацртаниот план“, вели Борозан.

За само десет дена тројца врвни спортисти повредите ги санираа во болницата „Аџибадем Систина“.  Сите се едногласни дека  овој тим на докторри се најдобри и најстручни во регионот.