fbpx

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ доби благодарница за поддршка и масовно учество во крводарителски акции

22.11.2018

На годишното собрание на Црвениот крст на Град Скопје, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ доби благодарница за хуманост, организација и масовно учество во  крводарителски акции во рамки на болницата. Благодарницата официјално ја додели д-р Стефан Тодоров, претседател на Црвен крст на град Скопје.

Почнувајќи од 2010 година досега во „Аџибадем Систина“ се организирани повеќе успешни крводарителски акции, кои масовно се поддржани од голем број вработени. Дека бројот на крводарители се зголемува од година во година покажува и податокот дека во 2017 година беа дарувани 160 крвни единици, а годинава дарувани се рекордни 181 крвна единица.

Поради големиот интерес од страна на вработените, од следната година, со цел да придонесеме во спасувањето на повеќе животи преку дарување крв, предвидено е болницата да организира две крводарителски акции годишно.