fbpx

Нашата животна борба за Петра и Виктор

25.03.2016

 

На последниот ден од годината, кога си ги посакуваме најубавите нешта во новата година, Соња ја имаше единствената желба – да бидат здрави и живи Петра и Виктор кои родени во 27-та гестациска недела и тежина од само 850 грама беа соочени со сите предизвици на предвремено родените деца. По 81 ден поминат на Одделот за неонатална интенизвна нега, Петра и Виктор денес се веќе во својот дом, со мама Соња и тато Слободан. Нивниот сон да станат родители е веќе реалност благодарение на д-р Митко Ивановски, а за нивниот понатамошен раст и развој е заслужен целиот тим на Одделот за неонатална интенизвна нега на чело со д-р Александар Сајковски. Во продолжение следува искрената благодарност која семејството Вукајловиќ ја упати до целиот тим.

„Нашето патешествие поминато во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е како бајка која нè учи за истрајноста, желбата да се има потомство, љубовта и посветеноста кон професијата. На 07.07.2015 година започна приказната за Виктор и Петра, создадени со Господова воља и знаењето и искуството на д-р Митко Ивановски. Многу пречки се испречија на патот на оваа бременост, најголемата се случува на 04.12.2015 година за која целиот гинеколошко-акушерски тим на болницата го даде своето знаење и искуство, својата посветеност и ресурси.

Болницата поседува човечки потенцијал кој има решение на најголемите предизвици

По еден месец поминати во секојдневна борба на 31.12.2015, д-р Ивановски извојува победа и на свет донесе два прекрасни ангела Виктор и Петра. Бидејки родени во 27-ма гестациска недела со тежина од 850 и 880 грама, борбата не застана тука, туку продолжи на Одделот за неонатална интензивна нега. Овде секој ден беше предизвик за себе. Овде тимот предводен од д-р Александар Сајковски кој секојдневно макотрпно и посветено се справуваше со препреките на предвремено родени деца, успеа после 81 ден да ни ги даде Петра и Виктор во наши раце. Не може со зборови да се искаже стручноста и посветеноста што овој тим на лекари и медицински сестри ја има. Затоа ќе речеме дека оваа болница поседува човечки потенцијал кој има решение на најголемите предизвици кои животот може да ги донесе.

Вие сте одлични доктори и медицински сестри, но пред сè прекрасни луѓе

Голема е благодарноста што ја имаме кон д-р Митко Ивановски, сестра Мартина, Вале и Елена, (Оддел за гинекологија и акушерство) понатаму д-р Александар Сајковски, д-р Душко Фидановски и сестра Снежана, Весна и Елена ( Оддел за неонатална интензивна нега) затоа што без вас ова немаше да биде успешна приказна. Вие ја носите репутацијата на одлични доктори и медицински сестри, но ние би сакале да отидеме чекор понатаму, вие сте прекрасни луѓе !

Ви благодариме. “

[widgetkit id=60]