fbpx

Бесплатен ПЕТ/КТ за малиот Матеј

24.03.2016

Бесплатен ПЕТ/КТ за малиот Матеј

Mенаџментот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ одлучи да му овозможи бесплатно снимање на ПЕТ/КТ на Матеј Стоилов од Делчево. Денеска во ПЕТ центарот во „Аџибадем Систина“ се направи потребното снимање на единствениот ПЕТ/КТ апарат во регионот.

„На Матеј веќе подолго време неможеше да му се постави дијагноза. Лекарите инсистираа на снимање на ПЕТ/КТ. Како семејство во кое ниту еден член не работи, финансиски не можевме да си го дозволиме снимањето. Бескрајно сме благодарни на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ што ни излезе во пресрет и ни помогна. Како и секој родител го сакаме најдоброто за своето дете, но колку и да се трудиме финансиите ни се ограничени“, изјави Кирчо Стоилов, татко на Матеј.

Медицинскиот тим од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ искрено се надева дека со овој гест ќе придонесе во комплетирање на дијагнозата на малиот Матеј, а со тоа ќе помогне во неговото понатамошно лекување.

[widgetkit id=59]