fbpx

Најубавите новогодишни бебиња

01.01.2020

Бебињата се најубавиот и најискрен подарок. Нивната насмевка ги исполнува срцата со љубов и топлина. Во првиот ден од новата година бебињата на Одделот за неонатологија во „Аџибадем Систина“ беа вистинско изненадување. Облечени како новогодишни подароци ги стоплија срцата на мајките кои со нетрпение чекаа да ги земат во прегратка. Малите ангелчиња направија несекојдневна глетка на нашиот оддел која е одличен почеток за новата година.
Среќни сме што нашиот гест беше пријатно изненадување и симболичен почеток за новата година. Со задоволство ги споделуваме фотографиите кои ја разубавија нашата нова година.