fbpx

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕСТЕТСКА ДЕРМАТОЛОГИЈА: Д-Р ПЕТРОВ И Д-Р ПЉАКОСКА СО НАЈНОВИТЕ ТРЕНДОВИ

27.12.2019

Дерматолозите од „Аџибадем Систина“ доц д-р Андреј Петров и Д-р Весна Пљакоска учествуваа на Меѓународната конференција која се одржа во Белград на 13 и 14 декември.

Конференцијата беше во организација на АСКЕД- Српското здружение за естетска дерматологија. Во рамки на конференцијата имаше и обуки, а д-р Петров и д-р Пљакоса присуствуваа на тренинг обуки од областа на естетска дерматологија.

dermatologija
dermatologija

На Конференцијата беа презентирани најновите практики и достигнувања во дерматологијата, новините во естетската дерматологија, а беа споделени и искуства.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ има најсовремени методи и опрема за примена на естетската хирургија во регионот.