fbpx
ОДДЕЛИ

Урологија

Покрај стандардните уролошки процедури за дијагноза и третман, уролошкиот тим ги изведува и најсложените реконструктивни операции на урогениталниот тракт кај деца и возрасни. Најновата ласерска технологија со која располага одделот нуди успешен третман на зголемена простата и уринарни каменчиња без хируршки рез.

КЛАСИЧНИ УРОЛОШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

На Одделот за урологија се изведуваат сите постоечки класични хируршки интервенции вклучувајќи радикални операции поради малигни болести на мочен меур, простата, бубрези и надбубрежна жлезда, ретроперитонеална лимфадектомија кај карцином на тестиси, голем дел од детските вродени аномалии (неспуштени тестиси, рефлуксна болест), како и сите ургентни хируршки операции. Како дел од палетата услуги се вклучени сите класични интервенции на простата, мочен меур, гениталии и итн.

ЕНДОУРОЛОШКИ ТРЕТМАНИ

Ендоуролошките интервенции се изведуваат со оптички инструменти, преку природните отвори на човековото тело, влегувајќи во телото без претходна инцизија. Користејќи модерна технологија со ултра тенки инструменти, минимално инванзивно се третира калкулоза. Овој метод се користи и во третман на зголемена простата, тумори на мочен меур, ласерско решавање на калкулоза на уринарниот тракт.

ЛАПАРОСКОПСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Се изведуваат лапароскопски хируршки интервенции што се проследени со краток болнички престој и брзо заздравување. Најчести лапароскопски операции се: лапароскопска варикоцелектомија, лапароскопско отстранување цисти на бубрег, лапароскопско отстранување бубрег поради канцер, како и лапароскопско отстранување на надбубрежна жлезда. Уролошкиот тим на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ кадровски е комплетно подготвен за изведување бубрежна трансплантација.

ТРЕТМАН СО ЕКСТРАКОРПОРАЛНА ШОК БРАНОВА ЛИТОТРИПСИЈА

ESWL- Терапија со екстракорпорална шок бранова литотрипсија претставува револуција во третманот на уринарна литијаза. ESWL се изведува во посебна просторија за таа намена, опремена со најсовремен апарат за анестезија кој овозможува третманот да се изведе безболно. Специфичноста на овој метод е во тоа што генерира релативно слаби бранови, кои поминуваат преку телото, но добиваат голема сила во фокусот т.е. каменот, што резултира во негова фрагментација. Постојат три видови генератори на сила: електро-хидрауличен, електромагнетски и пизоелектричен. Најдобри резултати во однос на дефрагментација и елиминација на камења се постигнуваат со електро-хидрауличниот апарат. Предноста на овој метод е што се работи за амбулантска процедура и не е потребна хоспитализација, а пациентот може да ја напушти болницата еден час по третманот. Стапката на успех на оваа процедура е 90% за каменчиња од 1,5cm и 75 % за камчиња поголеми од 1,5 cm.

УРОЛОШКИ CHECK UP

На Одделот за урологија се спроведуваат превентивни прегледи со цел рано откривање на малигни болести на урогениталниот тракт и со цел нивно навремено излекување.

РЕКОНСТРУКТИВНА ГЕНИТОУРОЛОГИЈА И ТРАНСЕКСУАЛНА ХИРУРГИЈА

Уролошкиот тим на „Аџибадем Систина“ изведува хируршки интервенции за најсложени уролошки проблеми кај деца меѓу кои третман на комплицирани форми на хипоспадија (користејќи bucal mucosis), уретропластика, фалопластика, сите видови вродени абнормалии на уринарен тракт, болести на уринарен рефлукс, вродено искривување на пенис, искривување на пенис кај возрасни лица, имплантација на пенилни протези кај пациенти коишто не реагираат на другите медицински терапии.

НАЈСОВРЕМЕН ЛАСЕР ВО УРОЛОГИЈАТА QUANTA CYBER HO

LASER UROLOGIJA
 

Најсофистициран и најсовремен ласер Quanta Cyber Ho за решавање на сите уролошки проблеми. Овој ласер е најнова генерација холмиумски ласер и овозможува три типа ласерски операции на бенигна простата – вапоризација, вапоресекција и енулеација (комплетно вадење на простатата), како и кршење на сите типови камчиња во мочен меур, уретра и бубрези, независно од нивната тврдост. Ласерот нуди можност и за комплетно сечење на стеснувањата на која било локација во уринарниот тракт.

Quanta Cyber Ho е холмиумски ласер од најновата генерација, кој успеа да ги исполни очекувањата на уролозите, да биде единствена платформа што ќе ги изведува сите ендоскопски уролошки процедури,односно:
• кршење на камчиња во уретра, преку ригидна уретероскопија
• кршење на камења во бубрег, преку флексибилна реноскопија
• P C N L ( перкутана нефролитотрипсија)
• вапоризација на простата
• вапоресекција на простата
• енуклеација на простата (вадење)
• аблација на тумори на мочен меур
• инцизија (бескрвно сечење) на стеснувања на кој било дел на уринарен тракт.