fbpx
ОДДЕЛИ

Ревматологија

Специфика на Одделот за ревматологија е мултидисциплинарен пристап во третманот на сложените ревматски заболувања. Комплексната природа на автоимуните болести се разрешува со алгоритамски пристап. Искуството на специјалистите заедно со софистицираните алатки (бројни автоантитела и најсовремените методи на CT, MRI, PET) кои ги обезбедуваат дијагностичките лаборатории, гарантираат навремено разрешување и на најкомплексните случаи и почнување на соодветен третман во оптимално време.

reumatolog

БРЗА ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН

Ревматолошкиот тим со долгогодишно искуство овозможува дијагноза и третман на широк спектар  ревматски заболувања, вклучувајќи ревматоиден артритис, склеродерма, системски лупус, гихт.

Во фокусот на Одделот за ревматологија се системско сврзно-ткивни болести, системски еритемски лупус, поли-дерматомиозитис, системска склероза, групата болести со голем диверзитет – васкулитисите и многу други автоагресивни ентитети кои ја носат ознаката автоимуни.

Временски оптималната дијагностика на ревматоидниот артритис е клучен услов за навремено почнување на лекувањето и спречување на брзата инвалидност.

Одделот за ревматологија обезбедува брза дијагностика и ефикасен третман на кристалните артритиси (гихт , псеудогихт и др.), но ја третира и епидемијата на 21 век – остеопорозата. Болните со артроза (остеоартритис) со клинички манифестации на ’рбетот и периферните зглобови исто така имаат можност да ги олеснат своите тегоби и да го подобрат квалитетот на својот живот користејќи ги нашите услуги.

Нашата мисија е да се промовира превенција, лекување и ублажување на последиците од ревматските болести преку едукација и користење најсовремени протоколи во лекувањето на овие пациенти.

ПРОЦЕДУРИ

  •  Епидурална инстилација на лекарства
  •  Артроцентеза со инстилација на лекови
  •  Дијагностичка артроцентеза
  •  Евакуациона артроцентеза
  •  Апликација на лек во мекоткивни структури