fbpx
ОДДЕЛИ

ГРАДНА ХИРУРГИЈА

Одделот за градна хирургија го предводи еминентниот и искусен специјалист, проф. д-р Андреjа Арсовски. Во своето 35-годишно искуство, експертиза му се најсложените интервенции на дојка, штитна жлезда, бели дробови, ѕид на градниот кош и проширени вени.

Со мултидисциплинарен пристап и најсовремена технологија, секој пациент добива комплетен индивидуален план на лекување и за најсложените проблеми. Покрај проф. Арсовски, на овој оддел работи и д-р Драган Смилевски, специјалист по градна хирургија, доктор со големо искуство зад себе и многу задоволни пациенти.

gradna hirurgija
 

 

ДОЈКИ

  • Бенигни болести на дојки (цисти, фиброаденоми, интрадуктални папиломи, апсцеси и други бенигни хируршки болести на дојките)
  • Бележење со жица водич на непалпабилни и мали суспектни лезии на дојки (микрокалцификати)
  • Малигни заболувања на дојките (штедливи и радикални хируршки интервенции)
  • Реконструктивни операции на дојките

ШТИТНА ЖЛЕЗДА

  • Хируршко лекување на бенигни заболувања на штитната жлезда (цисти, јазли, бенигни тумори, функционални нарушувања, дифузни струми и други бенигни состојби)
  • Карциноми на штитната жлезда и нивно хируршко лекување (парцијална, суптотална и тотална тироидектомија со или без отстранување на вратни лимфни јазли)

ХИРУРГИЈА НА ГРАДЕН КОШ

  • Повреди на граден кош
  • Бенигни и малигни заболувања на ѕидот на градниот кош (ресекции на ѕидот на градниот кош со евентуална употреба на мускулни резенки или синтетски материјали)
  • Деформитети на градниот кош, pectus carinatum, pectus infundibuliformis (со употреба на минимално инвазивна хируршка метода по Nuss или со употреба на класичната хируршка техника по Rawitch)

gradna hirurgiaj

ХИРУРГИЈА НА ДИЈАФРАГМА

ХИРУРГИЈА НА ХРАНОПРОВОД

ХИРУРГИЈА НА БЕЛИ ДРОБОВИ

  • Користење на VATS (видеоасистирана торакоскопска хирургија)
  • LVRS – Lung Volume Reduction Surgery (редукција на патолошки изменето белодробно ткиво), метода што се користи во третман на белодробен емфизем
  • Хируршки третман на Ехинококова болест (кучешка тенија), со отворени хируршки методи или со употреба на VATS – видеоасистирана торакоскопска хирургија
  • Хируршки третман на бенигни состојби на бели дробови (цисти, були, апсцеси, бенигни тумори) со користење на VATS или со отворена торакотомија
  • Карциноми на бели дробови
  • Радикални белодробни ресекции со лимфаденектомија со користење на „степлери“ и други современи хируршки апарати и инструменти
  • Метастазични тумори на бели дробови
  • Употреба на VATS – видеоасистирана торакоскопска хирургија или користење на отворени ресекции со употреба на ласерски технологии во третман на метастазични промени на бели дробови
  • Минимално инвазивни белодробни или плеврални биопсии
  • Медијастиноскопија (биопсии од медијастинум)
  • VATS-талкирање на повторувачки плеврални изливи
  • Пласирање на плеврални катетери при постоење на плеврални изливи
  • Современ хируршки третман на сите видови пневмоторакси со употреба на видеоасистирана торакоскопска хирургија – VATS

ХИРУРГИЈА НА ПРОШИРЕНИ ВЕНИ

Хируршки третман на проширени (варикозни) вени со употреба на:

  • радиофреквентна аблација (VNUS)
  • ласерски третман
  • третман со отворени хируршки методи
  • склерозација.

 

·         Отстранување на тумор на гради

·         Мастектомија

·         Суптотална тироидектомија

·         Тироидектомија (бенигна)

·         Тотална тироидектомија со лимфаденектомија (малигна)

·         Проширени вени (класично)

·         Мастектомија симплекс

·         Мастектомија радикалис

·         Пектус

·         Ресекција на ѕид на граден кош

·         Торакална симпатектомија

·         Рана декортикација

·         Доцна декортикација

·         Екстра анатомска ресекција на бел дроб

·         Лобектомија

·         Пневмоектомија

·         Пластика на дијафрагма

·         Отстранување на ехинокок на бел дроб

·         Отстранување на ехинокок на бел и црн дроб во еден акт

·         Торакална дренажа

·         Пласирање на плеурокат (амб.)

·         Slurry Pleurodeza

·         Дијагностичка торакоскопија

·         Дијагностичка торакоскопија со биопсија

·         Торакоскопска талк преуродеза

·         Торакоскопија со биопсија и талк плеуродеза

·         Торакална VATS-симпатектомија

·         Клинеста ресекција со степлер

·         Декортизација торакоскопска

·         Експлоративна торакотомија

·         Ласерски третман на вени (локална туминисентна анестезија + проширена флебектомија)

·         Ласерски третман на вени на една нога со општа анестезија

·         Дополнителна интервенција на вени со ласер

·         Торакоцентеза

·         Медијастиноскопија

·         Отстранување на медијастинален тумор