fbpx
ОДДЕЛИ

Дерматовенерологија и естетска дерматологија

Оддел дерматовенерологија и естетска дерматологија е опремен со најмодерна современа медицинска технологија и е место каде пациентите можат да добијат интегриран пристап во дијагнозата и третманот на сите проблеми со кожата. Посебен акцент е ставен во делот на естетската дерматологија, а со воведувањето на најсовремените ласерски третмани за подмладување и нега на кожата овој оддел стана пионер во имплементацијата на бројни естетски процедури.

Nasiot tim Dermatologija
 

Ласерски третмани

Благодарение на најсовремените дерматолошки ласери успешно се третираат сите проблеми и недостатоци на кожата. Ласер-центарот нуди трајно решение за несаканите влакна со најсовремен диоден ласер за епилација.  

Nd:YAG ласерскиот систем ќе ви овозможи да се ослободите од козметичкиот проблем што го прават проширените вени и капилари на вашето тело. Ласерот се применува и при третман на габични инфекции на ноктите.

Најсовремениот Еr:YAG ласерски систем се користи за естетските третмани на лице и тело и подмладување. Третманот е брз и ефикасен и дава беспрекорни резултати кај сите типови и боја на кожа. Ласерот се применува и за третмани на постоперативни лузни. Технологијата  фотона всушност претставува зрачен скалпел и овозможува брзо и безболно третирање на голем број кожни проблеми.

Фракционен eC02 ласер е најсовремена технологија за подмладување и третман на недостатоците на кожата. Овозможува ефикасен третман за подмладување, затегнување и зацврстување на кожата, третман на брчки, акни, стрии, црвенила и пигментации на кожата. По третманот кожата изгледа сјајна и мазна. Ласерот прави невидливи оштетувања на кожата, при што направените оштетувања продираат до долните слоеви на кожата и го стимулираат здравото ткиво во продукцијата на нов колаген. Се користи во третман на брчки, големи пори, лузни, лузни од акни, темни кругови околу очите, подмладување на рацете, вратот и деколтето и ја враќа еластичноста на кожата. Овој метод безбедно се користи за лице, врат, раце, дланки и нозе.

Ласерска епилација

Со современите методи на ласерска епилација, која ги уништува фоликулите на влакната, денеска може да се ослободите од несаканите влакна лесно, едноставно и безболно. Во нашиот тим се вклучени врвни професионалци кои ја изведуваат ласерската епилација на безбеден начин, а успешни резултати се добиваат со користење врвна технологија. Просечен број на третмани за ласерска епилација се 6 сесии.

PRP (Plasma-Rich Platelet)

Plasma-Rich Platelet е метод којшто се состои од земање мала количина крв од пациентот, која се обработува, и се аплицира повторно кај пациентот. Со овој метод кожата се ревитализира и се подмладува. Се користи во третман за подмладување на лицето, вратот и деколтето а може да се користи и во комбинација со ласерски третман или пилинг.

Плазмата успешно се применува и во третманот на опаѓање на косата или ќелавост.

Ботокс и дермални филери

Botulinum Toxin е една од најпопуларните супстанци во изминатава деценија за естетски процедури. Со неговата примена се постигнува измазнување на брчките и линиите на лицето кои настануваат со текот на годините. Особена примена ботоксот наоѓа во третманот на брчките на челото, над носот, како и околу очите. Ефектите траат подолго време (до 6 месеци), а потоа третманот се повторува. Ботоксот се употребува успешно и во третманот на прекумерното потење, што за многу луѓе во денешно време е голем проблем. Во естетските третмани голема примена имаат и дермалните филери или пополнувачи на брчките и недостатоците на лицето. Еден од најупотребуваните супстанци за оваа намена е хијалуронската киселина, која е природна состојка. Со дермалните филери успешно се исполнуваат на подолг рок (до 12 месеци), браздите околу носот и устата. Исто така се користи и за нагласување на одредени делови од лицето (усни, образи). За да се постигне максимална удобност на пациентите, пред третманот се нанесува локални анестетици.

Метод на ултразвучна кавитација

Кавитацијата е најпопуларниот метод за обликување на телото. Овaa методa се базира на употреба на нискофреквентен ултразвук, со чие дејствување доаѓа до разградување на масните клетки. По третманот, кој е безболен и неинванзивен, површината на кожата останува недопрена – нема модринки, болки, оток, па може да се продолжи со секојдневните обврски. За кратко време се постигнува губење на масните наслаги, а целта е намалување на обемот и обликување на телото. Со кавитација, којшто се практикува еднаш неделно во времетраење од околу 45 минути, може да се постигне намалување во обем од 2-6 cm.

Мезотерапија

Мезотерапија е современа медицинска метода за подмладување на кожата на лицето, вратот, деколтето и дланките како и во третман на целулитот. Се изведува со вбризгување на активни супстанции во слоеви на кожата, во кои не допира ниту еден препарат за нега на кожата. Активните супстанции се внесуваат во кожата во целни точки, со што се поттикнува подмладување и рехидратација на кожата се подобрува текстурата, се редуцира пигментацијата, а истовремено може да се користи за сува и чувствителна кожа.

Дерматоскопија и мапирање на бенки

Дерматоскопија е површински кожен микроскоп кој се користи во преглед на бенките. Со него се одредува дали пигментираните лезии (бенки) се бенигни или постои сомнение дека се малигни. Оваа информација е потребна непосредно пред операција за отстранување на кожните лезии.

Кожни алерго тестови

Кожни patch тестови се користат со цел да се одреди дали пациентот има алергиска реакција (контактен дерматитис) на одредена супстанца при контакт со  кожа. Нудиме и scratch и интрадермални алерголошки тестови за детекција на алергија на лекови и анестетици; но исто така тестираме и пациенти за алергија на инсекти.

Дерматолошки методи и процедури

Стручниот медицински тим на „Аџибадем Систина“ со употребата на современи медицински технологии за дијагноза и третман, успешно се лекуваат сите кожни проблеми. Тука спаѓаат: криохирургија со користење на течен азот, електро-термо-коагулација за кожни лезии и радио-фреквентна хирургија (RF). Дел од широката палета на услуги се и кожните биопсии (punch и екцизиона) кои се од големо значење за поставување на точна дијагноза кај сомнителните лезии на кожа.

Ехо-доплер на периферни крвни садови

 Дијагностички неинвазивен ултразвучен преглед, кој се користи за евалуација на крвните садови во периферија, односно на горните и долните екстремитети. Ова е метода што лесно се изведува и претставува златен стандард за да се процени функцијата на венските валвули нa долните екстремитети, состојба на проширени вени, како и проценка на постоење на тромботични состојби, проценка на напреднати атеросклеротски промени со затнување на крвните садови.

Третман на хронични рани

Секоја рана што не покажува склоност кон санација по 6 недели се нарекува хронична рана. Постојат многу фактори што влијаат врз заздравувањето на раните, од кои најчести се:

  • возраст, нутритивен и имунолошки статус
  • придружни болести – главно дијабетес мелитус, хронична венска и артериска инсуфициенција
  • третман со лекови, кортикостероиди, цитостатици, психосоцијален статус
  • фактори на ризик – пушење тутун, прекумерна тежина.

Во нашиот центар ги третираме најчестите типови хронични рани: aртериски и венски улцерации, улцерации во рамки на дијабетично стапало, улцери од васкулитично потекло.  Нашиот центар нуди современ третман, кој вклучува: дебридман (чистење на некротичното ткиво), третман на коегзистирачката инфекција и инфламација, промовирање на создавање гранулациско ткиво и епителизација.

Трансплантација на коса

Се работи за минимално инванзивна хируршка интервенција со која за многу кратко време засекогаш ќе го решите проблемот со губење на коса. За разлика од другите методи за трансплантација на  коса, каде е потребно трансплантирање на цел резен, со оваа метода се користат само влакна од пациентот од пределот на тилот кои се префрлуваат на “ќелавите” делови. Овие влакна никогаш не паѓаат, заради тоа што немаат на површината рецептори за кои се врзува машкиот полов хормон тестостерон, кој е одговорен за испаѓањето на косата, затоа и успехот е голем. Постапката се изведува со помош на посебен апарат, со кој најпрецизно се земаат влакна од тилот на главата, без лузни и оштетување на околните корени, што е од голема предност во однос на другите техники. Се изведува во локална анестезија и целосно е безболна. Се земаат поединечните фоликули од регијата каде има коса и со помош на специјална пинцета се трансплантираат на местата каде таа недостасува.

Оваа метода има многу предности и е многу популарна бидејќи косата трансплантирана на ќелавите делови ја има истата боја и природен изглед како и останатата. Воопшто не е болна и се изведува за само 4-5 часа, а потоа веднаш си се враќате на секојдневните обврски. По трансплантацијата не остануваат резови, не носите завои ниту пак вадите конци. Постапката се изведува многу прецизно со што  трајно се решава овој проблем. Пресадената коса потоа расте за период од шест месеци, а потоа се заменува со нови влакна, кои ќе се обновуваат  како и сите останати влакна во период од секои 2-4 години, што е природен  циклус на раст на влакната, а предноста е што таа не може пак да почне да опаѓа.