fbpx

Д-р Ивановски дел од работилницата „Менталното здравје кај спортистите“

24.04.2019

Според истражувањата во 2015 година, симптоми на депресија се појавиле кај 38 отсто од активните професионални играчи. Токму ова беше причина да се одржи дводневна работилница на тема менталното здравје на професионалните фудбалери во организација на Независниот синдикат на професионални фудбалери на Македонија. Меѓу присутните гости, како претставник на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, свое излагање на оваа тема имаше и д-р Михајло Ивановски, трауматолог хирург.

Целта на настанот беше да се подигне  свеста за менталното здравје и да се поддржат играчите кои често се жртви на анксиозноста и депресијата. Заедничкиот заклучок на сите нив беше дека менталното здравје како кај фудбалерите така и кај сите спортисти е еден од најбитните сегменти.

Д-р Ивановски редовно е присутен на спортските терени и е дел од тимот што се грижи за здравјето на нашите најголеми спортски имиња.