fbpx

Проф. Д-р Савески и Д-р Илиев добија благодарница за голем придонес и развој на физиотерапијата во земјава

24.04.2019

На третиот Интернационален конгрес на физиотерапевти, кој се одржа по повод 50-годишнината од постоењето на Здружението на физиотерапевти на Македонија и имаше меѓународен карактер, а кој беше насловен „Традиција, доверба, наука“, учествуваа физиотерапевти од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Проф. д-р Јордан Савески и д-р Борислав Илиев добија и благодарници за посебен придонес и развој на физиотерапијата во државата. Свое предавање имаше и Влатко Илиевски, специјалист по кинезитерапија.

На конгресот имаше предавачи од Србија, Бугарија, Косово, Хрватска и Германија. Сите дебатираа на теми што се клучни предизвици во физотерапијата.

Проф. д-р Савески од „Аџибадем Систина“ зборуваше за „Хируршки третман на нестабилни фрактури на карлица кај политрауматски пациент“, додека доктор Илиев за „Хируршки третман на хабитуална нестабилност на рамениот зглоб“.