fbpx

„Аџибадем Систина“ и Pay It Forward во мисија на добра волја

15.04.2019

Глобалното хуманитарно движење Pay It Forward го доби своето трето издание деновиве во Скопје. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ сo свои активности го дава својот придонес кон ова движење на добра волја во светот, со тоа што доделува 100 бесплатни прегледи, по случаен избор, за своите пациенти коишто денес ја посетуваат болницата. Кон активностите се приклучија и сите вработени во „Аџибадем Систина“, со интерна акција за правење едно или повеќе добри дела еден на друг.

Целта на движењето Pay It Forward е ширење позитивна енергија, поттикнувајќи ги луѓето на креирање добрина во светски рамки.

Pay It Forward (Продолжи понатаму) е една од најголемите глобални  хуманитарни акции, која е проширена во речиси стотина земји ширум светот, промовирајќи и развивајќи чувство на заедништво и сплотеност меѓу луѓето. Во Македонија, Pay It Forward се спроведува трета година, а е на иницијатива и во организација на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje, Europe.