fbpx

„Аџибадем Систина“ дел од големата екоакција „Карпош нека дише“

16.04.2019

Голема екоакција во која се вклучија повеќе граѓани и компании се случи минатиот викенд во општина Карпош. Акцијата насловена „Карпош нека дише“ доби поддршка од граѓаните. Во иницијативата се вклучи и Клиничката болница „Аџибадем Систина“, која како општествено одговорна компанија, активно поддржува вакви акции. Дел од вработените расчистуваа отпад покрај кејот на раката Вардар и уште еднаш ги потврдија заложбите за почиста и поздрава животна средина.

За активното учество и ангажманот да се подигне јавната свест, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ доби и благодарница од Општина Карпош.