fbpx

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ успешно опериран македонскиот голман Дејан Илиев

29.10.2021

Македонскиот голман Дејан Илиев очекува брзо да се врати на фудбалскиот терен, откако успешно беше опериран во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Тој имал проблем со левото колено, односно повреда на менискусот, па по консултацијата со д-р Михајло Ивановски, специјалист трауматолог во „Аџибадем Систина“, интервенцијата беше и изведена. Дејан Илиев, македонскиот голман, е играч на  англискиот прволигаш Арсенал, а како позајмица, сега игра за словачкиот клуб „Серед“.

SIS
 

„Јас сум многу задоволен и се надевам дека брзо ќе почнам да играм. На тренинг се лизнав и се повредив. Се одлучив за д-р Ивановски затоа што многу колеги спортисти имаат позитивно искуство со него. И јас го сметам за голем професионалец, им помогна на многу спортисти. Во мојот случај  тоа се докажа. Му благодарам многу“, вели голманот Илиев.

dr ivanovski fudbaler

Д-р Ивановски вели дека за нив како доктори сепак е голема обврска што спортисти од ваков калибар и големи  клубови даваат доверба да се оперираат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

„Дејан  ќе може да се посвети максимално на спортот и ќе нема никаков проблем. Станува збор за артроскопска рутинска интервенција. За брзо време се очекува да се врати на терените, а од утре почнува со физикална рехабилитација. За три до четири недели ќе почне да тренира повторно“, вели д-р Ивановски.