fbpx

Во „Аџибадем Систина“ воведена процедура на артроскопската реконструкција на колено по ArthrexRT-методата (all inside)

30.12.2019

Нова процедура во третманот на артроскопската реконструкција на руптура на преден вкрстен лигамент на коленото по методата на ArthrexRT (all inside), воведе д-р Борислав Илиев во „Аџибадем Систина“.  Процедурата беше воведена за првпат во приватна болница во земјава и д-р Илиев ја воведе самостојно благодарение на претходното хируршко долгогодишно искуство во работата со повреди на коленото, а како резултат на неколкумесечна подготовка и посета на неколку центри во Минхен и Загреб. Методата првпат беше применета на 27 декември годинава.

„Предноста на методата се состои во зачувување на интегритетот на коската, интервенцијата трае пократко, се користи само една тетива, додека во претходните процедури се користеа две тетиви, а скратено е и времето на рехабилитација. При оваа метода има помал процент на компликации, но се добива и поголема цврстина на коленото“, вели д-р Илиев.

boroiliev

Оваа метода се препорачува кај пациенти со скинат преден или заден вкрстен лигамент на коленото. Возраста не игра улога, но препорачлива е кај млади пациенти со недовршен раст поради отворени зони на раст. Постои опасност при користењето на друга метода  да го наруши растот на коската па токму поради тоа оваа метода се користи и кај помлади пациенти на возраст од 12 до 13 години.

„Идеална метода е кај ревизионите процедури, а тоа значи претходно направена оперативна интервенција поради скинат преден вкрстен лигамент која завршила неуспешно или, пак, се случила нова повреда“, вели д-р Илиев.